KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Стручно предавање на тема: „Интелегентна оптимизација на потрошувачката на електрична енергија кај асинхроните мотори“

 

GM144112011 resize

На ден 14.11.2011 година од страна на електротехничкиот актив при ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, беше организирано предавање за потребите на наставниците и учениците од електротехничката струка на тема „Интелегентна оптимизација на потрошувачката на електрична енергија кај асинхроните мотори“. Предавач беше г-дин Гонев Максим, дипломиран електро инжинер, експерт во областа на енергетската ефикасност кај електромоторните погони.


Со помош на демонстрационен бокс, снабден со ампарметар и волтметар и асинхрон  мотор со симулиран товар, преку контрола на ангажираната моќност на влез во погонот, беше покажан принципот на работа на современиот уред „Somar Intelligent Optimised Motor Control“. Ваквата електронско-енергетска конфигурација има за цел да изврши оптимизација на напонот, согласно со обртниот момент развиен кај погонската машина притоа штедејќи енергија во секој момент кога електромоторот е под помал товар.
Учениците и наставниците со голем интерес го проследија ова демонстративно-стручно предавање. Електротехничкиот актив искажува голема благодарност кон г-дин Mаксим Гонев, кој својата стручност и време ја стави на располагање на учениците и наставниците при ССОУ „Коле Неделковски“.
Повеќе информации за уредот на www.somar.co.uk

GMEA14112011 resize

GMLM2 resize

LMGM1 resize

LMSSGM1 resize

Вие сте на: Home Настани Настани Стручно предавање на тема: „Интелегентна оптимизација на потрошувачката на електрична енергија кај асинхроните мотори“