KoleNedelkovski.edu.mk

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО и ЗАВАРУВАЧ

    Учениците Кире Џунџев и Горан Атанасков ученици во образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ од машинската струка, денеска за време на престојот на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска направија програма со која го изгравираа нејзиното име со помош на едукативна ЦНЦ машина.

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    Со почитување на мерките за однесување во услови на панедмија, под мотото УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“ беше претставен новиот концепт на Дуално образование.

  • Посета и презентација на работата на фирмата АЦ Електрик Тек ДОО

  • УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНАТА ПАРАЛЕЛКА ИЗБИРАА ПРЕТПРИЈАТИЕ КАДЕ ЌЕ ИЗВЕДУВААТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА

    Денеска во училишниот двор, почитувајќи ги препораките за однесување во услови на пандемија, учениците од образовниот профил „Техничар за производно машинство“ остварија средба со претставници од Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија и претставници од претпријатијата „Маркарт Македонија“ и „Брако“.

  • ССОУ „Коле Неделковски“ – Добитник на грант од МОН за Проект на МИМО

  • Доделени таблетите на учениците од семејства кои се во тешка социјална состојба.

  • Средба со учениците кои добија стипендија од Општина Велес

  • Учество на работилницата на тема: Искуствата и предизвиците со онлајн наставата по Физичко и здравствено образование и Спорт и спортски активности

  • Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

  • ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

  • Начин на однесување на учениците во услови на пандемија

  • Документи за работата на училиштето

  • ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНАТА ПАРАЛЕЛКА ИЗБИРАА ПРЕТПРИЈАТИЕ КАДЕ ЌЕ ИЗВЕДУВААТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА

Денеска во училишниот двор, почитувајќи ги препораките за однесување во услови на пандемија, учениците од образовниот профил „Техничар за производно машинство“ остварија средба со претставници од Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија и претставници од претпријатијата „Маркарт Македонија“ и „Брако“. Воведен збор, даде Директорката на ССОУ „Коле Неделковски“, г-ѓа Весна Стојанова Богоевска, која истакна дека преку германскиот модел на дуално образование и соработката со партнер претпријатијата се создаваат стручни кадри кои точно одговараат на потребите на компанијата. Дејан Чуповски, проектен менаџер за дуално стручно образование, накратко ги претстави придобивките кои овој модел на образование ги нуди на учениците. Претставниците на „Маркарт Македонија“ и „Брако“, ја преставија работата на претпријатијата. На средбата учениците избраа фирма каде оваа година ќе ја изведуваат феријалната пракса, а догодина ќе ја изведуваат и практичната настава (учење преку работа кај работодавач).
Вие сте на: Home Настани Настани УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНАТА ПАРАЛЕЛКА ИЗБИРАА ПРЕТПРИЈАТИЕ КАДЕ ЌЕ ИЗВЕДУВААТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА