KoleNedelkovski.edu.mk

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО и ЗАВАРУВАЧ

    Учениците Кире Џунџев и Горан Атанасков ученици во образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ од машинската струка, денеска за време на престојот на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска направија програма со која го изгравираа нејзиното име со помош на едукативна ЦНЦ машина.

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    Со почитување на мерките за однесување во услови на панедмија, под мотото УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“ беше претставен новиот концепт на Дуално образование.

  • Посета и презентација на работата на фирмата АЦ Електрик Тек ДОО

  • УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНАТА ПАРАЛЕЛКА ИЗБИРАА ПРЕТПРИЈАТИЕ КАДЕ ЌЕ ИЗВЕДУВААТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА

    Денеска во училишниот двор, почитувајќи ги препораките за однесување во услови на пандемија, учениците од образовниот профил „Техничар за производно машинство“ остварија средба со претставници од Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија и претставници од претпријатијата „Маркарт Македонија“ и „Брако“.

  • ССОУ „Коле Неделковски“ – Добитник на грант од МОН за Проект на МИМО

  • Доделени таблетите на учениците од семејства кои се во тешка социјална состојба.

  • Средба со учениците кои добија стипендија од Општина Велес

  • Учество на работилницата на тема: Искуствата и предизвиците со онлајн наставата по Физичко и здравствено образование и Спорт и спортски активности

  • Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

  • ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

  • Начин на однесување на учениците во услови на пандемија

  • Документи за работата на училиштето

  • ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

Германско дуално образование во ССОУ „Коле Неделковски“

Програмата за Дуално образование која е поддржана од Делегацијата на Германската стопанска комора во Република Северна Македонија се реализира во ССОУ „Коле Неделковски“ во рамките на образовниот профил „Техничар за производно машинство“. Предноста на дуалното образование е таа што учениците преку практичната настава многу лесно и воочливо можат да ги видат реалните проблеми во производствениот процес. Учениците од овој профил практичната настава ја реализираат кај бизнис партнерот „Маркарт Македонија“ и „БРАКО“. Низ практичното образование во компанијата, учениците го учат целиот производствен процес и на тој начин тие се запознаваат со работата во компанијата. По завршувањето на образованието, за учениците се отвора можност за нивно вработување во компанијата. Дуалното образование кое го нудат овие две компании е успешен модел што е преземен од германскиот образовен систем.
Вие сте на: Home Настани Настани Германско дуално образование во ССОУ „Коле Неделковски“