KoleNedelkovski.edu.mk

  • Еколошка акција и велосипедска тура

    Денеска во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието беше реализирана еколошка акција во училиштето и училишниот двор – чистење од смет, а потоа велосипедска тура ССОУ „Коле Неделковски“ – езеро Младост – ССОУ „ Коле Неделковски“.

  • Уште една успешна приказна започната во ССОУ „Коле Неделковски“

    Росана Стаменкова - Brand Design Manager и UX/UI дизајнер и девелопер

  • Уште една успешна приказна започната во ССОУ „Коле Неделковски“

    Никола Тодоровски - менаџер на компанијата „Joopone“

  • Уште една успешна приказна започната во ССОУ „Коле Неделковски“

    Марјан Стојанов - експерт за планирање и развој на фиксни мрежи во А1 Македонија

  • ПОСЕТА НА „ПАЛС КОМПАНИ“

    На 02 јуни 2021 година, во рамки на предметот Практична настава, учениците од трета година од образовниот профил Машинско-енергетски техничар, под менторство на м-р Наталија Ашиковска, беа во посета на лимарската работилница „ПАЛС КОМПАНИ“ притоа запазувајќи ги протоколите за заштита од Ковид 19.

  • ПОСЕТА НА „ЛЕОВ КОМПАНИ“

    Учениците од трета година од образовниот профил Машински техничар, денес, 31 мај 2021 година, во рамки на предметот Практична настава, под менторство на м-р Наталија Ашиковска беа во посета на еден од социјалните партнери на училиштето, “Леов Компани”, притоа запазувајќи ги протоколите за заштита од Ковид 19.

  • ПОСЕТА НА АД „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“

    Учениците од трета година од образовните профили Машинско-енергетски техничар и Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, под менторство на професорите м-р Наталија Ашиковска и професор Ѓорѓи Ѓорѓиев во рамки на предметот „Практична настава“ денес беа во посета на еден од социјалните партнери на училиштето, компанијата АД „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ -Велес, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид 19.

  • Психологија во спортот

    Во услови на пандемија предизвикана од COVID 19, во координација со Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Аенцијата за млади и спорт, Сојузот на училишен спорт на Велес, своите програмски активности ги реализираше во вид на натпревари и спортски настани – „ФУСМ предизвик“ и „Психологија во спортот“, алтернативно преку своите органи организираа „ФУСМ предизвик“ и „Психологија во спортот“.

  • ТЕОРИЈА ПРЕТОЧЕНА ВО ПРАКСА - ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ШПЕДИЦИЈА (ФОТО)

    Квалитетно оспособување преку верифицирана наставна програма од МОН за шпедитерско и царинско работење само во ССОУ Коле Неделковски Велес -Техничар за транспорт и шпедиција

  • ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 24 МАЈ, ДЕНОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ.

    По повод 24 Мај-Денот на сесловенските просветители Општина Велес додели награди за најдобрите наставнци и најталентираните ученици за оваа учебна година.

  • ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

    Учениците од ССОУ „Коле Неделковски“, во рамките на предметот Граѓанско образование, ја посетија Општина Велес. Тие беа присутни на состанок на Советниците на Општина Велес, Градоначалникот и Претседателот на Советот.

  • 28-ма МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА

    На ден 19.05.2021 год. (среда) на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа 28-та МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2021.

  • ПЛАСМАН НА МАКЕДОНСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАТА СО ОСВОЕНО ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

    Сојузот на математичари на Република Северна Македонија, и во услови на пандемија, ја продолжи традицијата и го организираше 64-тиот ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА за учениците од средните училишта.

  • ПОСЕТА НА БРАКО

    На 19 мај 2021 година учениците од трета година од образовниот профил Машинско-енергетски техничар, под менторство на м-р Наталија Ашиковска

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО и ЗАВАРУВАЧ

    Учениците Кире Џунџев и Горан Атанасков ученици во образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ од машинската струка, денеска за време на престојот на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска направија програма со која го изгравираа нејзиното име со помош на едукативна ЦНЦ машина.

Уште една успешна приказна започната во ССОУ „Коле Неделковски“

Росана Стаменкова - Brand Design Manager и UX/UI дизајнер и девелопер
Здраво на сите, јас сум Росана Стаменкова, живеам и работам на релација Велес-Скопје и моментално работам remote со оглед на ситуацијата со пандемијата. Пред се сакам да се заблагодарам на ССОУ „Коле Неделковски“ и да ја поздравам оваа иницијатива и идеја која е поврзана со успешните генерации и ученици кои биле дел од средното образование тука, за кои јас сметам дека секој ученик треба да го направи вистинскиот избор за она што сака да го учи бидејќи на крајот сепак тоа е поврзано со кариерата која ќе се постигне со текот на годините кои ќе следат.
Правилниот избор, каде ќе се продолжи школувањето е една од најважните избори во животот. Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ е вистинскиот избор за развојот на Вашата кариера бидејќи, стекнатото искуство со теоретска и практична настава кои беа пренесени од стручниот кадар на професори, ми помогнаа подоцна да го продолжам образованието.
После завршеното средно образование во паралелката за компјутерска техника и автоматика, имам дипломирно како информатичар, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола. Имам над 6 години искуство и богато портфолио во ИТ индустријата. Во моментов работам како Brand Design Manager и UX/UI дизајнер и девелопер во N47, швајцарска фирма со канцеларии на повеќе локации во Европа.
Се сметам за иновативна и креативна личност и моите страсти се брендирањето, корисничкото искуство, дизајн на интерфејс, со силно внимание на типографијата имам ентузијазам да ги најдам најдобрите решенија за дизајн. Како специјалист во дизајнот и технологијата редовно ги следам најновите трендови, а како професионалец секогаш посветувам внимание на деталите и имам способност да ги поддржам и испорачам работите со највисоки стандарди за квалитет. Имам искуство како предавач за графички и веб апликации на Adobe, бев говорник на WordCamp Skopje 2019 and WordPress Skopje Meetup 2019 за WordPress and UX/UI Design, а исто така бев ментор и на Startup Weekend Skopje 2019 поддржан од Google for Entrepreneurs, Techstars! Своето искуство го имам стекнато преку бројни проекти на локално и интернационално ниво.
Мојата порака до сите вас кои ќе треба да се запишат и да го одберат средното образование е да го направат вистинскиот избор како што вашето срце и интуиција размислуваат во моментот на избор, бидејќи сепак и самите ние треба индивидуално да си одлучиме каде и во која насока ќе продолжиме да чекориме. На сите сакам да ви посакам среќно и успешно школување, а до моето училиште уште многу успешни генерации и ученици.

Вие сте на: Home Настани Настани Уште една успешна приказна започната во ССОУ „Коле Неделковски“