KoleNedelkovski.edu.mk

  • Посета на АМСМ на ден 03.12.2021

    На ден 03.12.2021 год. (петок) учениците од машинската струка паралелки 2-3, 3-3 и 4-2 - образовни профили Автомеханичар и Машинско-енергетски техничар со професорите И.Трчилов, И.Танев и З.Пасламушков извршија посета на АМСМ каде се запознаа со постапката за технички преглед и регистрација на моторните возила.

  • Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ втори на Зонските натпревари во ракомет

    Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ втори на Зонските натпревари во ракомет На 02.12.2021 год. (четврток) во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се одржа зонското првенство во ракомет за средни училишта - ЗОНА ВЕЛЕС.

  • Посета на АМСМ

    На ден 29.11.2021 (понеделник) учениците од паралелката 1-3, образовн профил автомеханичар со проф. Трчилов Илија го посетија АМСМ каде се запознаа со начинот на кој се врши техничкиот преглед на возилата.

  • Поставени нови компјутери во уште една училница

    За потребите на наставните предмети „Објектно ориентирано програмирање“, „ Уредување на WEB-страници“, „WEB програмирање“ и „Мултимедија“ кои ги изучуваат учениците од образовниот профил „Електротехничар за комјутерска техника и автоматика“, поставени се нови компјутери во уште една училница.

  • Успешна соработка помеѓу угостителска и машинска струка во ССОУ Коле Неделковски Велес

    Проф.Христина Трајкова учествуваше во проект кој беше успешен и одобрен од страна на Швајцарскиот проект Е4Е@мк во вредност од 97000 денари за набавка на конвектомат (фурна за печење) за угостителската струка.

  • Практична демонстрација на употреба на противпожарен апарат

    Денеска во ССОУ„Коле Неделковски“ се одржа показна вежба со учество на вработените и учениците за евакуација во случај на пожар. Активностите беа реализирани во соработка со Противпожарната единица - Велес.

  • Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први во општина Велес

    Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес и Федерација на училишен спорт на Македонија, во периодот од 25.10 до 02.11.2021 год. се реализираше општинската лига – ракомет (машки) во која што учество земаа сите средните училишта од Велес. Натпреварите се организираат во Спортската сала “Гемиџии“.

  • Академски клуб математика

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во обрaзованието нашето училиште ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес, заедно со партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово реализираше работилница „Академски клуб математика“ на која учениците од двете партнер училишта ги презентираа своите трудови кои заеднички ги изработија оваа учебна година.

  • Одбојкарската екипа на ССОУ „Коле Неделковски“ втора во Општина Велес

    На 27.10.2021 год. (среда) во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ vво Велес, се одржа општинската лига во одбојка за средно образование (машки), организирано под покровителство на Сојуз на училишен спорт на Македонија и Федерација на училишен спорт на Македонија.

Редовна средба на средношколската заедница

Претседателите на класните заедници при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 20.10.2021 год. (среда) во спортската сала на училиштето одржаа состанок со претседателите на ученичките заедници при училиштето. На оваа средба беше избран претседателот и раководството на средношколската ученичка заедница. За претседател на средношколската заедница е избран Христијан Андовски од 3-6 клас, а во раководството на ученичката заедница беа избрани Росана Китановска 1-4 клас, Мартин Неделковски 1-1 клас, Мартина Стеваноска 2-5 клас, Алдин Рахмани 2-7 клас. Александар Стпименов 3-1 клас и Даниела Димовска 4-3 клас.
На оваа средба по втората точка од дневниот ред во присуство на училишниот педагог Пандорче Јорданова, беа разгледани, а воедно беа и дадени предлози за активности од средношколската заедница. Овие предлози тематски беа насочени кон активности: обврски пред законот, сообраќајната безбедност на опкружувањето на училиштето, дебати, јавно говорење, спорт и рекреативни активности, хуманитарни активности, еколошки акции, обука за прва помош, борба против насилство (булинг).
На крај на средбата беа разгледани активностите поврзани со YES програмата, регрутирањето на ученици за соработка со МОФ, Еразмус програмата и др. Исто така беа разгледани неколку предлози за активности во училиштето од областа на културата, екологијата и спортот. Со работата на ученичката заедница раководи професорот м-р Ангелче Гушев.

Вие сте на: Home Настани Настани Редовна средба на средношколската заедница