KoleNedelkovski.edu.mk

  • Посета на АМСМ на ден 03.12.2021

    На ден 03.12.2021 год. (петок) учениците од машинската струка паралелки 2-3, 3-3 и 4-2 - образовни профили Автомеханичар и Машинско-енергетски техничар со професорите И.Трчилов, И.Танев и З.Пасламушков извршија посета на АМСМ каде се запознаа со постапката за технички преглед и регистрација на моторните возила.

  • Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ втори на Зонските натпревари во ракомет

    Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ втори на Зонските натпревари во ракомет На 02.12.2021 год. (четврток) во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се одржа зонското првенство во ракомет за средни училишта - ЗОНА ВЕЛЕС.

  • Посета на АМСМ

    На ден 29.11.2021 (понеделник) учениците од паралелката 1-3, образовн профил автомеханичар со проф. Трчилов Илија го посетија АМСМ каде се запознаа со начинот на кој се врши техничкиот преглед на возилата.

  • Поставени нови компјутери во уште една училница

    За потребите на наставните предмети „Објектно ориентирано програмирање“, „ Уредување на WEB-страници“, „WEB програмирање“ и „Мултимедија“ кои ги изучуваат учениците од образовниот профил „Електротехничар за комјутерска техника и автоматика“, поставени се нови компјутери во уште една училница.

  • Успешна соработка помеѓу угостителска и машинска струка во ССОУ Коле Неделковски Велес

    Проф.Христина Трајкова учествуваше во проект кој беше успешен и одобрен од страна на Швајцарскиот проект Е4Е@мк во вредност од 97000 денари за набавка на конвектомат (фурна за печење) за угостителската струка.

  • Практична демонстрација на употреба на противпожарен апарат

    Денеска во ССОУ„Коле Неделковски“ се одржа показна вежба со учество на вработените и учениците за евакуација во случај на пожар. Активностите беа реализирани во соработка со Противпожарната единица - Велес.

  • Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први во општина Велес

    Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес и Федерација на училишен спорт на Македонија, во периодот од 25.10 до 02.11.2021 год. се реализираше општинската лига – ракомет (машки) во која што учество земаа сите средните училишта од Велес. Натпреварите се организираат во Спортската сала “Гемиџии“.

  • Академски клуб математика

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во обрaзованието нашето училиште ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес, заедно со партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово реализираше работилница „Академски клуб математика“ на која учениците од двете партнер училишта ги презентираа своите трудови кои заеднички ги изработија оваа учебна година.

  • Одбојкарската екипа на ССОУ „Коле Неделковски“ втора во Општина Велес

    На 27.10.2021 год. (среда) во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ vво Велес, се одржа општинската лига во одбојка за средно образование (машки), организирано под покровителство на Сојуз на училишен спорт на Македонија и Федерација на училишен спорт на Македонија.

Преставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO)

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и локалната канцеларија во Скопје подржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше инфо-сесијата преку која се запознавме со работата и тековните проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). На оваа средба што се одржа на 11 ноември 2021 (четврток) во Општина Велес, учество земаа преставници на Ученичката заедница при ССОУ “Коле Неделковски“, заедно со педагогот на училиштето Пандорче Јорданова и одговорниот за ученичката заедница при училиштето Ангелче Гушев. Во рамки на настанот, беа претставени целите, мисијата, активностите и тековните проекти на организацијата RYCO во кои младите од различни локални заедници можат активно да се вклучуваат. За време на настанот учесниците имаат можности лично да го запознаат младинскиот претставник во RYCO, со кого директно можат да разговараат за потребите на младите, за можностите на младите воразличните локални заедници, како и да споделат искуства од претходни младински размени и придонесот кон нивниот личен развој и кон заедницата. Истотака, ќе имате можност да се запознаете со работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и со работата на Агенцијата за млади и спорт. На средбата воведнo обраќање имаше Јасмина Тодоровска-Митева, национална програмска офицерка во Мисијата на ОБСЕ во Скопје , потоа шеф на локалната канцеларија на RYCO воСкопје Владимир Ѓорѓевски и претставниците од Агенцијата за млади и спорт.

Вие сте на: Home Настани Настани Преставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO)