KoleNedelkovski.edu.mk

  • ОТВОРЕН ДЕН - СОУ „Блаже Коневски“

    ОТВОРЕН ДЕН - СОУ „Блаже Коневски“ Презентација пред девтоодделенците и нивните родители за можностите што ги нуди ССОУ „Коле Неделковски“.

  • Манифестација Велигденско јајце 2016

  • Дебатна работилница

    Во рамките на Проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието, тимот за училишна интеграција заедно со учениците од втора година спроведе дебата на тема : "Во училиштата треба да се воведе носење на униформи за сите да бидат еднакви". Дебатата ја спроведоа ученици заедно со одговорните професори Ивана Јанушева, Митхат Мемиќ и психологот на училиштето Соња Пашоска.

  • Подготовки за манифестацијата Велигденско Јајце

    По повод големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН во училиштето се одржа работилница “Велигденско јајце“ за украсување на велигденски јајца, изработка на велигденски украси и подготовка на колачи.

  • Посета на ученици од Васил Главинов

    Деновиве една група на ученици од ООУ „Васил Главинов“ го посети училиштето и присуствуваше на часот по практична настава во електро струката.

  • Учество на ССОУ „Коле Неделковски“ на МАССУМ 2016

    На 22.04.2016 година во средното училиште „Михајло Пупин“ во Скопје се одржа „Образовното рандеву 2016“. Нашите ученици се натпреваруваа во следните категории: Веб страна, филм, маркетинг план, интервју за работа на македонски и англиски јазик, кариерно портфолио, фотографија, музички состав, серва и пинг-понг.

  • Реновирање на фасадата на училиштето

    Во рамките на реновирањето на фасадата на училиштето, денеска се поставува логото на училиштето. На овој начин освен заштеда на енергија, училиштето ќе стане препознатливо меѓу учениците и околината.

  • Проширување на соработката со социјалниот партнер „БРАКО“

    Во рамките на традиционално добрата соработка со социјалниот партнер „БРАКО“, вчера беше остварена средба на учениците од завршните паралелки од машинската, елетротехничката и сообраќајната струка со г-дин Кочо Анѓушев – претседател на Бордот на Директори, г-дин Владе Гравчев – член на Бордот на Директори, одговорен за „БРАКО“ – Велес и Перо Колев – технички Директор.

  • ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПЕЛИВАНСКОТО БОРЕЊЕ КАКО НАЈ МУЛТИЕТНИЧКИ СПОРТ

    На 8.4.2016 год. во рамките на програмата за прославување на Меѓународниот ден на спортот и мирот – „6-ти Април“ и активностите поврзани со мултиетничката интеграција во образованието, средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“

  • Активности од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованиетo

    Во рамките на Проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието тимот за училишна интеграција при ССОУ „Коле Неделковски“, класните раководители од прва и втора година заедно со одговорните ученици од прва и втора година за време на класниот час го реализираа квизот „Заедно учиме“.

  • На часовите по иновации во ОУ „Даме Груев“ - Градско

  • На часот по иновации во ОУ „Тодор Јанев“ - Чашка

  • Меѓународен математички натпревар „Кенгур“

    На ден 17.03.2016 год. (четврток) од 11.00 до 12.15 часот во организација на Друштвото на математичари при Општина Велес во училиштето ССОУ „Димитрија Чуповски“ се одржа Меѓународниот математички натпревар „Кенгур 2016“.

  • Велосипедски хепенинг

    Во чест на доаѓањето на Пролетта, ССОУ „Коле Неделковски“ организира велосипедски хепенинг“.

  • ССОУ„Коле Неделковски“ во посета на пензионерите

    Наставници од ССОУ„Коле Неделковски“ заедно со ученици беа во посета на друштвото на пензионери од Велес. Целта на посетата беше да им го честитаме празникот 8-ми Март на пензионерките а во исто време да се заблагодариме на успешната соработка со нашето училиште.

Меѓународен математички натпревар КЕНГУР 2012

kengur-natprevar-2012

На ден 22.03.2012 год. во просториите на ССОУ „ Коле Неделковски “, се одржа Меѓународниот математички натпревар Кенгур 2012, организиран од Сојузот на математичари на Македонија на кој учествуваат ученици од сите средни и основни училишта во Р.Македонија. На овој натпревар  земаа учество вкупно четиринаесет  ученици од прва, втора и трета година од нашето училиште. Учениците постигнаа солидни резултати, а ученикот Ѓорѓиевски Бобан од 1 – 7 клас, со ментор Ташкова Мира се здоби со пофалница. Честитки за постигнатиот успех!!!

 bobankengur

kengur

kengur3

Вие сте на: Home Настани Настани Меѓународен математички натпревар КЕНГУР 2012