KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Државно првенство во ПИНГ ПОНГ за младинци

drzavno-prvenstvo-ping-pong 1

Во рамките на програамските активности на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во организација на Сојузот на училишен спорт – Велес на 16.11.2012 год. (петок) се одржа Државно првенство во ПИНГ ПОНГ (за средно образование). Домакин на првенството беше СОУ Гимназија “Кочо Рацин“ каде што и се одржаа натпреварите.

На државното првенство учество земаа околу 70 пинпонгари во машка и женска конкуренција и тоа од градовите: Скопје, Штип, Струмица, Ресен, Крива Паланка, Велес.

Првенството беше отворено од страна на претседателот на ФУСМ,  проф д-р Александар Туфекџиевски, а учесниците во името на општина Велес беа поздравени од страна на заменик градоначалникот на Велес, г-дин  Петре Саздов и директорот на Гимназијата г-дин Гордан Стојчевски.

Како учесници на ова државно првенство учество земаа и шестмина учесници од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и тоа: Филип Лазаревски и Мартин Петровски од 3-2 клас, Марио Николовски и Георги Стоевски од 3-4 клас, Нина Николова од 1-7 клас, Сандра Богоевска од 2-7 клас и Александар Гашевски од 4-1 клас.

Треба да напоменеме дека Нина Николова се пласираше во осумте најдобри пинпонгарки, а додека Филип Лазаревски, Георги Стоевски и Александар Гашевски изгубија во полуфиналните натпревари и не успееа да се квалификуваат во финалните натпревари.

Во рамките на државното првенство се одржа и состанок на директорите на ООУ и СОУ од град Велес, каде што пртседателот на ФУСМ , проф. Туфекџиевски ги запозна присутните со регистрацијата на училишен спортски клуб во рамките на училиштата и сите придобивки кои произлегуваат од нивното формирање.

 

drzavno-prvenstvo-ping-pong 2

drzavno-prvenstvo-ping-pong 3

drzavno-prvenstvo-ping-pong 4

drzavno-prvenstvo-ping-pong 5

Вие сте на: Home Настани Настани Државно првенство во ПИНГ ПОНГ за младинци