KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Меѓународeн ден на медиумите

481441 10151622379609662 245913959 n

На 22 мај, во салата за презентација при ССОУ ,,Коле Неделковски“ се одржа доделувањето на благодарници и дипломи по повод конкурсот „Зошто е важна слободата на изразување“ и одбележување на 3ти Мај - Меѓународниот ден на медиумите“. По тој повод професорите по француски јазик Никола Димовски и по македонски јазик и литература Мариче Стојанова од Новинарската секција при ССОУ „Коле Неделковски“ заедно со учениците од 3-4 клас Николина Атанасова, Цветанка Елисковска и Валентин Величковски презентираа кратка програма. Беа прикажани, но и усно прочитани изреки за слободата на изразување. Ученикот Валентин Величковски, прочита новинарски текст од средношколскиот електронски весник „Медиум“, а се прикажа и видео материјал креиран од Мрежата на млади читатели при Светската асоцијација за медиуми со клучни факти за слободата на изразување како неприкосновено човеково право.

Се доделија дипломи за: Прво место за Тања Славева од 2-6 клас при СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин“ и ментор Драган Тушев;Второ место за Жаклина Китанова од 3-2 клас при ССОУ ,,Димитрија Чуповски“ и ментор Љубинка Ртоска; Трето место за Иван Михајлов од 3-6 клас при ССОУ ,,Коле Неделковски“ и ментор Ивана Јанушева. Благодарница за учество добија: Викторија Петровска од 3-3 клас при СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин“ и ментор Александра Стојановска Адна Билаловиќ од 3-4 клас и Јована Јовановска од 3-7 клас при ССОУ ,,Димитрија Чуповски“ и ментор Љубинка Ртоска Викторија Велиновска 3-д клас и Васко Стојаноски 3-г клас при СОУ ,,Јовче Тесличков“ и ментор Жаклина Ивановска Зафирчева Александар Арсовски 2-1 клас при ССОУ ,,Димитрија Чуповски“ и ментор Верица Николова Ученичката Тања Славева која освои прво место ја прочита творбата која беше наградена со голем аплауз. На крај професорите од Новинарската секција им се заблагодарија на присутните, со надеж дека и во иднина овој настан ќе остане да се чествува како традиција која не внесува во редот на Меѓународната заедница.

417965 10151622379709662 1744536125 n

482600 10151622379534662 106144733 n

941455 10151622379989662 1912991140 n

941591 10151622380019662 868017537 n

970081 10151622379389662 1241390336 n

970547 10151622379399662 2139097211 n

971176 10151622379404662 1015613318 n

Вие сте на: Home Настани Настани Меѓународeн ден на медиумите