KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Учество на проект за меѓуетничка интеграција во образованието

526528 10151828171819662 104576357 n

Во рамките на проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието кој што се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, отпочна спроведувањето на обуки со тимовите за училишна интеграција од основните и средните училишта од општините кои се вклучени во втората фаза на имплементација на проектот. Обуките се во рамките на компонентата: „Градење на капацитети на училишното раководство и наставниците“. Обуката беше одржана на ден 26 - 27.08.2013 година во Скопје и на истата земаа учество професорите од ССОУ „Коле Неделковски“: Мира Ташкова - професор по математика, Магдалена Иванова - професор по математика, Ивана Јанушева - професор по македонски јазик и литература, Марија Сараулева - професор по машински - стручни предмети и Зоран Пасламушков - професор по машински-стручни предмети. Главната цел на работилницата беше запознавање на учесниците со концептот на меѓуетничка интеграција во образованието и улогата на тимовите за училишна интеграција во спроведување на проектните активните во своите училишта. Улогата на тимот ќе биде да раководи со активностите на меѓуетничката интеграција во образованието што ќе биде дел од годишната програма на училиштето.
Со овој проект во период од четири години ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта во Р. Македонија со цел да потикне градење на свесност и да обезбеди разновидни обуки и техничка помош на училиштата за подршка на меѓуетничката интеграција ви образованието.

 998478 10151828171524662 40270463 n

1186259 10151828171519662 17018222 n

Вие сте на: Home Настани Настани Учество на проект за меѓуетничка интеграција во образованието