KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Почеток на новата учебна година

554529 10151835773604662 1291838912 n

Првиот училишен ден во новата учебна 2013-2014 година, средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ го започна со ширум отворени врати за новите средношколци од машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителско-туристичката струка. Директорот на училиштето, м-р Валентин Елисковски на идните средношколци им посака среќна и успешна работа во новата учебна година.
По повод 72 години од смртта на Патронот на училиштето, во училишниот двор се одржа мала пригодна свеченост на која присуствуваше градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев, делегации од основните и средните училишта од градот. Градоначалникот, м-р Славчо Чадиев одржа пригоден говор пред собраните ученици и им посака среќен почеток и порача дека се запишани во најдоброто средно училиште во градот од кое ќе излезат како зрели луѓе спремни да се соочат со предизвиците во животот.
Потоа чествувањето продолжи во родното место на Коле Неделковски, селото Војница каде со пригодно читање на песни од поетот и револуцинер имаа учениците од училиштето а потоа беше положено свежо цвеќе пред бистата во неговата спомен куќа. Свежо цвеќе положија делегација на училиштето кое го носи неговото име, делегација на Општина Велес, Општина Чашка, здружението на борците и друштвото на пензионери од Велес.
Во спомен книгата свои впечатоци запишаа директорот на училиштето, наставниците и учениците од ССОУ „Коле Неделковски“.

 1002187 10151835777759662 1821594991 n

1231182 10151835776709662 1750632839 n

1236897 10151835778089662 1782785804 n

Вие сте на: Home Настани Настани Почеток на новата учебна година