Државен натпревар по готварство
Учество на државниот натпревар по готварство за средни угостителски училишта
Во периодот 26 – 27 . 09. 2013 во организација на С.О.У. „Наум Наумоски Борче“ – Крушево се одржа вториот Училишен државен натпревар по готварство за средни угостителски училишта од Р. Македонија.
Учество во натпреварот зема ССОУ „Коле Неделковски“ со угостителската насока, во екипното такмичење со две групи во состав:
Тим 1
- Анес Алидини
- Виктор Карастојанов
- Даниел Пешовски
Тим 2
- Василија Илиевска
- Ангела Делова
- Харис Алидини
Тимовите работеа под менторство на наставникот Руска Ајтова и се натпреваруваа во категорија: „Подготовка на мени од три ганга“.
Во конкуренција на пет угостителски училишта од Р. Македонија нашите тимови освоија неколку награди:
Тим 2 златен медал
Тим 1 сребрен медал
а ученикот Анес Алидини освои награда за најдобар десерт на натпреварот
Во категоријата подготовка на јадења по мени беа доделени 3 медали златен и сребрен и бронзен. Учестото на нашите два тима на училиштето го донесе двете први места. Тимовите се покажаа како најдобри во својата категорија.
Поединечно ученикот со најдобар десерт беше посебно истакнат како најталентиран во категоријата десерти при што жирито донесе одлука да биде истакнат и награден како поединец на натпреварот.