KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Свечено доделување на дипломите за учество на Државниот натпревар

1383530 10151900153889662 522515548 n

Денес 30.09.2013 во просториите на ССОУ „Коле Неделковски“ беа доделени и дипломите и медалите на учениците кои го освоија првото и второто место на натпреварот во готварство во Крушево. Учениците прво беа примени од страна на директорот на училиштето, М-р Валентин Елисковски, кој им честиташе за успехот кој го постигнуваат и афирмацијата на училиштето што ја прават низ нашата држава. Учениците имаа можност да ги пренесат своите лични импресии од натпреварот и да се заблагодарат за можноста што им ја пружа училиштето да стекнуваат непроценливо искуство во својата бранша.

Потоа директорот свечено им ги додели дипломите за учество и медалите на учениците, а меѓу сите нив беше и нивниот ментор, проф. Руска Ајтова, која исто така доби благодарница за учество на натпреварот. Посебно задоволство претставуваше доделувањето на медалот на ученикот Анес Алидини, кој успеа да ги маѓепса судиите со својата слаткарска вештина и доби посебна и специјална награда за најдобар слаткар на натпреварот – категорија која до тогаш воопшто и ја немаше, но мораше да се додели заради одличната талентираност и изведба на ученикот Анес Алидини.
Директорот им се заблагодари на своите ученици и им посака уште повеќе успеси во иднина.

 547824 10151900153589662 1869168186 n

1375028 10151900153854662 249830083 n

1376374 10151900153379662 18060731 n

 

1377973 10151900152534662 208734152 n

1380305 10151900152434662 1600328345 n

1380414 10151900153709662 663480866 n

1381353 10151900152124662 500860837 n

1385362 10151900152529662 696245911 n

Вие сте на: Home Настани Настани Свечено доделување на дипломите за учество на Државниот натпревар