KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Врснички едукации во ССОУ “Коле Неделковски”

72683 10151911376429662_1006033430_n

На 4.10.2013 год. (петок) во салата за презентации при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес заврши циклусот на врснички едукации организирани од младинската иницијатива “Зумирај родово базирано насилство. Едукаторите беа задоволни од тоа што во училиштето се отворија различни теми на дискусија поврзани со препознавање и превенција на родово базирано насилство.
Училиштето кое што нуди образовни профили од машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителско-туристичката струка, многу ретко ги привлекува девојчињата при уписите. Учениците истакнаа дека во текот на последните години се забележуваат промени. Од “машките” класови, се почесто се разбиваат стереотипите дека тоа се само “машки професии”, со што девојчињата коишто се заинтересирани за овие образовни профили се запишуваат и го учат тоа што го сакаат. Она по што се разликуваа овие едукации од сите останати работилници во Велес, беше и присуството на професорот по спорт и спотски активности, Ангелче Гушев којшто заедно со учениците, сподели примери на родово базирано насилство коишто како професор ги забележал, исто така зборуваше и за нивната превенција од негова страна, за тоа како генерациски многу работи се менуваат и учениците се посвесни дека насилството не е решение на ниту еден проблем. Присуството на професорот беше огромна поддршка за нас и како млади коишто ја организираат оваа иницијатива, задоволни сме што покрај учениците и повозрасните се заинтересираа за темата.

 1375812 10151911376574662_112717766_n

1379739 10151911376414662_775075054_n

1380578 10151911376389662_1805583146_n

Вие сте на: Home Настани Настани Врснички едукации во ССОУ “Коле Неделковски”