KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Соработка со СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип

579147 10151919486024662_883068194_n

Денеска, 09.10.2013 година, беше остварена соработка со колегите од машинската струка од Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ од Штип. Колегите дипл. маш. инж. Боро Крлански и дипл. маш. инж. Тоне Петров пред членовите на машинскиот актив презентираа работа на дидактичка нумерички управувана глодалка. Ваквата ЦНЦ глодалка може да работи (со соодветна конверзија) и како ЦНЦ струг и како такви се користат во наставата за образовните профили „Машински техничар“ (во наставата по предметите Автоматско управување и програмирање, редовна и изборна настава) и во образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ (по предметите Практична настава, Компјутерско управување-изборна настава, Програмирање на компјутерски уравувани машини-изборна и редовна настава).
Истотака во рамките на средбата се искажа и желба за соработка и со останатите колеги од машинската и електротехничката струка во насока на обезбедување на наставни материјали и искуства, меѓусебна посета со ученици и колеги од двете училишта итн.
На колегите од Штип им беше презентирана и работата на LEGO роботите а истотака беа разменети и материјали од областа на роботиката.

 993413 10151919486469662_394147223_n

1375697 10151919486014662_282177030_n

1377289 10151919485919662_660038113_n

1392443 10151919488319662_223833167_n

1394012 10151919486444662_1388082846_n

Вие сте на: Home Настани Настани Соработка со СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип