KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Како се предава претприемништво?

1374371 10151935183024662_1855548243_n

Во рамките на проектот „Градење на капацитети за поголема вработливост“ кој се реализира во координација на Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика на 16.10.2013 г. (среда) во периодот 10:00 – 14:00 часот на Машинскиот факултет во Скопје се одржa обука на тема „Како се предава претприемништво?“.

Обуката беше наменета за професорите кои го предаваат предметот „Бизнис“. Од ССОУ „Коле Неделковски“ на обуката присуствуваа професорите Елена Јосифоска, Боро Ристовски, Трајко Ајтов и Сашо Ѓоргов.

Воведен збор зема проф. д-р Радмил Поленаковиќ кој хронолошки ги наведе сите досегашни активности на Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење. Потоа деканот на машинскиот факултет проф. д-р Атанас Кочов ја истакна важноста на претприемништвото како наука која ќе овозможи на идните академски граѓани да формираат свои „креативни“ бизниси. Ректорот на универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ проф. д-р Велимир Стојковски ја потенцираше важноста на претприемништвото во современата економија а г-дин Спиро Ристовски, Министер за образование и наука на Р. Македонија, истакна дека Р. Македонија треба и веќе го воведува претприемничкото учење во сите нивоа на образование почнувајки од основното. Претприемништвото е наука која може да се научи и која кај младите луѓе ќе ја развие креативноста а со тоа ќе се градат бизниси кои ќе бидат конкурентни на пазарот.

Обуката понатаму продолжи со предавањето на експертите за претприемачко учење од Универзитетот во Свонси, проф. Енди Пеналуна и проф. Катрин Пеналуна.

994354 10151935182994662_1736441666_n

1174615 10151935183259662_670901182_n

1377541 10151935183014662_1428565466_n

1384377 10151935183444662_993673944_n

1391478 10151935183319662_1840172441_n

Вие сте на: Home Настани Настани Како се предава претприемништво?