KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

УЧЕНИЦИТЕ ОД ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАКИНОВА 2013

kole-zlaten-medal-makinova

Во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ, по 34-ти пат во континуитет од 1980 година се организираше изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво МАКИНОВА 2013, придружено со 11-тата изложба на иновации, пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина - ЕКОНОВА 2013. Манифестациите се одржаа на Скопскиот саем, во рамките на ТЕХНОМА, во периодот 15-19 Октомври 2013 година.
Со своето присуство, ССОУ „Коле Неделковски“ беше активен субјект во манифестациите, но истовремено ја искористи и можноста да ја промовира и афирмира работата на училиштето до пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија.
Во рамките на МАКИНОВА 2013 училиштето учествуваше со проектот изработен од ученикот Михајлов Андреј под менторство на наставникот Никола Дечев - наставник по електростручни предмети.
Со гордост може да истакнеме дека во рамките на изложбата на МАКИНОВА 2013 ССОУ „Коле Неделковски“се закити со златен медал.

Вие сте на: Home Настани Настани УЧЕНИЦИТЕ ОД ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАКИНОВА 2013