KoleNedelkovski.edu.mk

  • Квиз и дебата во рамките на проектот за МИО

    Во рамките на Проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието, како дел од активностите за унапредување на интегрираното образование, предвидени со стратешкиот документ „Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем на Република Македонија“, денес во ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес беа реализирани две активности. Квиз натпревар на тема „Заедно учиме“ и Дебата на тема „Образованието – врата кон успехот“.

  • Свечена вечера за гостите од Полска

  • ПОСЕТА НА Св. „ЈОВАН БИГОРСКИ“, ВЕВЧАНИ, СТРУГА И ОХРИД

  • Прием кај Градоначалникот и прошетка низ Noowogard

    Денес во 9:00 часот учениците од ССОУ "Коле Неделковски"-Велес беа примени од страна на градоначалникот на Noowogard, Robert Czapla. Тој им посака топло добредојде, убав помин и дружење со врсниците од збратименото училиште Станислав Стажица. Исто така да понесат убави спомени во Велес.

  • Прием кај Градоначалникот и прошетка низ Велес

    Денеска во 10.00 часот учениците од збратименото училиште „Станислава Сташица“ од Новогард беа примени од страна на Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев. Тој им посака добредојде во Велес, убав помин, дружење со врсниците од ССОУ „Коле Неделковски“ и да понесат убави спомени во Новогард.

  • Пикник на езерото „Младост“

    Во текот на вчерашниот ден учениците од збратименото училиште „Станислав Сташица“ од Новогард се дружеа и забавуваа со своите соученици од ССОУ „Коле Неделковски“ на езерото „Младост“. Денот го искористија за спортски игри, пловење по езерото и пикник.

  • Пристигнување во Полска

    Учениците од ССОУ КОле Неделковски пристигнаа денес во Новогард, Полска во збратименото училиште каде беа срдечно пречекани од директорот и дел од наставниците.

  • Пристигна Полската група на ученици

    Полската група од 15 ученици и двајца наставници: г-ца Aneta Вartniczuk и г-дин Michal Daca (VI - та размена на ученици Полска - Македонија, од 2010 до 2016 година), пристигнаа во Велес на 22.05.2016 во 01.00 часот.

  • Отворен ден на ССОУ „Коле Неделковски“

    Денеска, средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ ги отвори своите врати за идните средношколци. Девето одделенците од Велес и околината имаа можност да се запознаат со струките и образовните профили кои ги нуди училиштето.

  • Хуманитарна забава во организација на ОУ „Кирил и Методиј“

    Група од 7 наставника ,( наставници М.Малинов - угостителство и В.Пановски , Г. Мулева, Х.Гемишова, М.Стојанова, С.Петрова, С.Софијанова) и Директорот на училиштетот Боро Ристовски присуствуваа на Хуматирната забава , организирана од Основното Училиште ,,Кирил и Методиј" од Велес.

  • Посета на автосервисот „СТАРТ“ и ПВЕ „Богданци“

    Денеска учениците од машинската струка од образовните профили машинско енергетски техничар, автотехничар мехатроничар и автомеханичар изведоа посета на автосервисот „СТАРТ“ во Демир Капија и посета на Паркот на ветерни електрани „Богданци“ во Богданци.

  • Учество на Државните натпревари ЕМСУЦ-и

    Минатиот петок (06.05.2016 г.) ССОУ „Коле Неделковски“ зема учество на Државните натпревари на електромашински и сообраќајни училишни центри кој се одржа во средното училиште Никола Карев во Струмица.

  • ОТВОРЕН ДЕН - СОУ „Блаже Коневски“

    ОТВОРЕН ДЕН - СОУ „Блаже Коневски“ Презентација пред девтоодделенците и нивните родители за можностите што ги нуди ССОУ „Коле Неделковски“.

  • Манифестација Велигденско јајце 2016

  • Дебатна работилница

    Во рамките на Проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието, тимот за училишна интеграција заедно со учениците од втора година спроведе дебата на тема : "Во училиштата треба да се воведе носење на униформи за сите да бидат еднакви". Дебатата ја спроведоа ученици заедно со одговорните професори Ивана Јанушева, Митхат Мемиќ и психологот на училиштето Соња Пашоска.

Вие сте на: Home Настани Настани Прашања за екстерно оценување