KoleNedelkovski.edu.mk

  • СТИПЕНДИЈА ЗА СПОРТСКА НАДЕЖ ЗА МЛАДИ СПОРТИСТИ ДО 20 ГОДИНИ

    По освојувањето на третото место на државното првенство во одбојка одржано во Прилеп во периодот од 30.3 до 2.4.2017 год. и учеството на државно првенство во одбојка на песок одржано во Скопје

  • Презентација на работата на фирмата „БРАКО“

    Во рамките на активностите по повод Патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“ на 13.12.2017 година во салата за презентации на училиштето беше извршена презентација на работата на фирмата „БРАКО“.

  • Културен разглед на градот Софија

    Денес (29.11.2017 г. Среда), во програмските содржини, беше Културниот разглед на градот Софија, реализиран од Интернационалниот центар за развој на Образованието и обуката од Софија.

  • Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

    Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

  • Реализација на проектот “Училишни спортски лиги“ во Велес

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Учество на меѓузонски натпревари во одбојка

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Посета на металната индустрија „БРАКО“

    Учениците од 2-2 клас во петокот (20.10.2017 г.) извршија посета на металната индустрија „БРАКО“. Беа посетени: погонот за монтажа на возила за чистење на улични површини - Green machines и погонот за ЦНЦ обработка. Посетата ја реализираа наставниците по практична настава Илија Танев и Благој Пашоски.

  • Посета на саемската манифестација „Технома 2017“ година

    Денеска (26.10.2017 г.) учениците од машинската струка (ученици од класевите 1-1, 1-2, 2-2, 3-1, 4-1, 4-2) извршија посета на саемската манифестација „Технома 2017“.

  • Европската недела на мобилност одбележана во Велес

    Десет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предводени од професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев земаа учество воманифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта.

  • ПРВО МЕСТО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

    Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“ во кои што учествуваат сите средношколци од Велес. Општа цел на овој проект е да средношколците се рамноправни во секојдневното дружење.Со реализацијата на активностите и остварувањето на специфичните цели на проектот ќе се придонесе во едуцираме младите за нивните права и обврски,како и за начинот на планирање и реализирање.

  • ПОЧЕТОК НА НОВАТА ШКОЛСКА ГОДИНА

    Свечен дочек и добредојде на учениците во прва година во ССОУ „Коле Неделковски“ им посака директорот на училиштето, а потоа учениците со нивните класни раководители се упатија кон своите училници. Нека ви е со среќа почетокот на новата учебна година идни машинци, електротехничари, сообраќајци и угостители !!!

  • Учениците од Новогард во посета на Охрид

Прослава на Конституцијата на Полската држава

18341651 10155399533579662_1793808558370498417_n

И оваа година, училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ на покана на Неговата Екселенција Амбасадорот на Р. Полска во Р. Македонија, г-дин Jacek Multanowski, присуствуваше на Прославата на годишнината на конституцијата на Полскатa државa (3 мај 1791 г.). Оваа година Р. Полска прослави 226 годишнината од својата државност.

По тој повод, Амбасадата на Р. Полска врши промоција на Полската традиција во различни форми како рачни изработки, традиционална Полска носија и Полска кујна од различни региони на Полска со присуство на еминентни гости од Р. Македонија, Дипломатскиот кор во Р. Македонија и пријатели на Полскиот народ. 
Интересно беше промовирана народната носија од Maзовското војводство, од градот Łowicz преку забавни макети. Самиот настан беше организиран во форма на дружење на гостите и размена на интересни искуства поврзани со Полска.
Прославата беше одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје на ден 04.05.2017 г.
Од училиштето присутни беа: Директорот на училиштетот, Боро Ристовски и Снежана Софијанова, професор одговорен во делот на меѓународната соработка на училиштето.
Дел од фотографиите се превземени од фејсбук страницата на Полската Амбасада во Р. Македонија.

18320862 10155399533894662_4419803098512333642_o

18342422 10155399534034662_2660416832368999165_n

Вие сте на: Home Меѓународна соработка Меѓународна соработка Прослава на Конституцијата на Полската држава