KoleNedelkovski.edu.mk

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ трети во одбојка на песок

 

18836090 10155483595759662_2173644638476229350_n

На 1.6.2017 год. (четврток) во Скопје во организација на Федерацијата на училшен спорт на Македонија се одржа државното првенство во одбојка на песок за средните училишта (машки). Натпреварите се реализираа на терените на СУГС “Никола Карев“. На државното првенството учествуваат екипите на СОУ “Никола Карев“ од Струмица, ССОУ “Коле Неделковски од Велес, потоа екипите на Спортската гимазија “Методија Митески - Брицо, СГГУ„Здравко Цветковски“ и домаќините од СУГС “Никола Карев“. 
По разигрувањето во првата фаза за финалните натпревари се пласираа екипите на “Никола Карев“ од Струмица и Спортската гимазија “Методија Митески – Брицо, а за третото место разигруваа екипите на СГГУ„Здравко Цветковски“ и ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес. Првото место им припадна на екипата од Струмица, второто на Спортската гимназија од Скопје и третото на екипата од Велес.
Треба да се нагласи дека за екипата на ССОУ “Коле Неделковски “ Велес на ова државно првенство ја сочинуваа: Филип Ајдаров 3-7 клас, Ѓоре Цветков 3-5 клас, Илија Илиевски и Сашко Ангеловски од 2-6 клас предводени од м-р Ангелче Гушев наставник по спорт и спортски активности во ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес. 
Учеството на оваа државно првенство на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ беше поддржано од Сојуз на училишен спорт на Велес и Општина Велес

18768555 10155483596609662_4302780336312743546_o

Вие сте на: Home Настани Настани Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ трети во одбојка на песок