KoleNedelkovski.edu.mk

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

ПОСЕТА НА СПОМЕН СОБАТА НА КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ ВО СЕЛО ВОЈНИЦА

21318980 10155790958824662_1097336432240356585_o

Одбележувањето на годишнината од смртта, продолжи во спомен куќата на Неделковски во родното село Војница, каде се обрати проф. д-р Васил Тоциновски.

Организаторот на чествувањето, Клубот на писатели „Кочо Рацин“ и Народниот Музеј од Велес врачија награди по наградниот литературен конкурс „Пеш по светот“. Прво наградени се Ристе Мулев од средното училиште „Коле Неделковски“ и Мартина Пешова од средното „Димитрие Чуповски“ од Велес.

Во спомен куќата на Неделковски во село Војница се одржа и поетско читање а беше отворена и фото изложба на сакрална и рурална архитектура од општините Чашка и градско објекти од Азот и Клепа. 

Настап имаше и фолклорното друштво „Коле Неделковски“.

Истовремено десетина велосипедисти, ученици и професори возеа од дворот на училиштето до село Војница до спомен куќата и назад. При ова рекреативно возење минаа 30 км до Војница и назад. Ова е трета година по ред како тие ја изведуваат оваа активност, во организација на професорите по спорт и спортски активности од училиштето.

Вие сте на: Home Настани Настани ПОСЕТА НА СПОМЕН СОБАТА НА КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ ВО СЕЛО ВОЈНИЦА