KoleNedelkovski.edu.mk

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

ПРВО МЕСТО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

21557851 10155831466479662_4352154721944321113_n 

Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“ во кои што учествуваат сите средношколци од Велес. Општа цел на овој проект е да средношколците се рамноправни во секојдневното дружење.Со реализацијата на активностите и остварувањето на специфичните цели на проектот ќе се придонесе во едуцираме младите за нивните права и обврски,како и за начинот на планирање и реализирање. Во времето кога младите повеќе време помиуваат пред компјутер со проектот ќе се промовира спортот и и ќе го развиваме натпреварувачкиот дух. А како заедничко ќе биде и подобрувањето на меѓуетничките односи,односно дружење на млади од различни заедници. 
Планираните активности во рамките на проектот 
-Обуки за млади од средните училишта. Организирани обуки за ученици од 4 средни училишта и тоа за човекови права, граѓанско општество и подготовка на акциони планови.
-Спортски турнир во одбојка.
-Настан за дружење.
-Промотивни настани, прес конференции.
Специфична цел на проектот: 
- Значењето во функција на соживтот.
- После одржаната серија на едукации ќе следи организација на спортските турнири и заедничкиот настан,па тука ќе севиди колку групата може успешно да испланира и колку тоа што го учела ќе го примени во организацијата и дружењето.
Реализирајќи ги програмските активности од проектот на 15.9.2017 год. (петок) на терените за одбојка на песок во Градскиот парк во Велес нашите ученици од ССОУ “ Коле Неделковски“ Филип Ајдаров 4-5 клас и Ѓоре Цветков 4-4 клас го освоија првото место, а додека пак Никола Зазов и Даниел Тодоровски 3-6 клас го освоија трето место во одбојка на песок. Учениците беа водени под менторство на професорот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев. 
На турнирот учество земаа седум екипи а во женска конкуренција 5 екипи
Овој проект е суб-грантиран од Проектот „Здружени сили за заеднички интереси, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014.

21761889 10155831466334662_6047061660092191360_n

Вие сте на: Home Настани Настани ПРВО МЕСТО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК