KoleNedelkovski.edu.mk

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

Европската недела на мобилност одбележана во Велес

21762572 10155837102994662_4221027174891261585_o

Десет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предводени од професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев земаа учество воманифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта. Годинешнава најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини која се одржува под пораката “Споделувањето те движи напред“. Целта на кампањата е да се развивава дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на мобилност, да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорот со што ќе се обезбеди намалување на употребата на автомобилите и намалување на штетните еимисии на гасови во воздухот. Со затворање за сообраќај на улицата „Димко Најдов“ со почеток од 12.00 часот на предвидената релација, а учениците од основните и средните училишта возеа велосипеди. Со ова граѓаните на Велес упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме. Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а оваа година до сега пријавени се 2.211 градови. ЕНМ првпат беше иницирана во Франција во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

м-р Ангелче Гушев

 21640928 10155837102644662_7293169773965346495_o

21950619 10155837102814662_551016363976819185_o

21950924 10155837104399662_3007676501633348939_o

Вие сте на: Home Настани Настани Европската недела на мобилност одбележана во Велес