KoleNedelkovski.edu.mk

  • Учество на меѓузонски натпревари во одбојка

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Посета на металната индустрија „БРАКО“

    Учениците од 2-2 клас во петокот (20.10.2017 г.) извршија посета на металната индустрија „БРАКО“. Беа посетени: погонот за монтажа на возила за чистење на улични површини - Green machines и погонот за ЦНЦ обработка. Посетата ја реализираа наставниците по практична настава Илија Танев и Благој Пашоски.

  • Посета на саемската манифестација „Технома 2017“ година

    Денеска (26.10.2017 г.) учениците од машинската струка (ученици од класевите 1-1, 1-2, 2-2, 3-1, 4-1, 4-2) извршија посета на саемската манифестација „Технома 2017“.

  • Европската недела на мобилност одбележана во Велес

    Десет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предводени од професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев земаа учество воманифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта.

  • ПРВО МЕСТО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

    Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“ во кои што учествуваат сите средношколци од Велес. Општа цел на овој проект е да средношколците се рамноправни во секојдневното дружење.Со реализацијата на активностите и остварувањето на специфичните цели на проектот ќе се придонесе во едуцираме младите за нивните права и обврски,како и за начинот на планирање и реализирање.

  • ПОЧЕТОК НА НОВАТА ШКОЛСКА ГОДИНА

    Свечен дочек и добредојде на учениците во прва година во ССОУ „Коле Неделковски“ им посака директорот на училиштето, а потоа учениците со нивните класни раководители се упатија кон своите училници. Нека ви е со среќа почетокот на новата учебна година идни машинци, електротехничари, сообраќајци и угостители !!!

  • Учениците од Новогард во посета на Охрид

  • 11-ти Интернационален натпревар по роботика во Конја – Р. Турција

  • Посета на Скопје и комплексот „Македонско село“

  • Посета на отворениот ден на Машински факултет во Скопје

    Во организација на Машинскиот факултет од Скопје, учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ извршија посета, каде беа запознаени со сите студиски програми што ги нуди оваа високо образовна институција.

  • Учество на 11-от Интернационален натпревар по роботика

    На 10-ти Мај беше отворен 11-от Интернационален натпревар по роботика во Конја – Република Турција. Нашите натпреварувачи Никола Стоименов и Јованче Андовски се една од 49-те екипи кои ќе се натпреваруваат во областа „Индустриска роботска рака“. Денешниот ден тие се претставија на изложбениот штанд во конгресниот центар.

  • Прослава на Конституцијата на Полската држава

    И оваа година, училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ на покана на Неговата Екселенција Амбасадорот на Р. Полска во Р. Македонија, г-дин Jacek Multanowski, присуствуваше на Прославата на годишнината на конституцијата на Полскатa државa (3 мај 1791 г.). Оваа година Р. Полска прослави 226 годишнината од својата државност.

Систем за автоматска работа на централа

 

22499129 10155907536214662_1395661256625246009_o

На ден 19.10.2017 г. , учениците од образовниот профил Електротехничар енергетичар од паралелките, II – 7 (9 ученика) , III – 8 (10 ученика) и IV – 6 (шест ученика) , во рамките на Практичната настава и наставата во предметот Енергетски постројки и уреди, ја посетија, малата Хидроелектрана , изградена на р.Бистрица, во околина на с.Теарце - Тетовско ( МХЕЦ – 99 LIVORNO ) , како дел од системот на трите мали проточни хидроелектрани, изградени во последните три години, на оваа локација и на оваа река.
Денот беше целосно исполнет со огромно внимание на учениците. Беше демонстриран и опишан секој поединечен дел на постројката, како мерната ќелија, сопствената трафостаница и разводната постројка.
Беше демонстриран системот на работа на Пелтоновата турбина со шест млазници, системот за синхронизација на генераторот и приклучување кон електричната мрежа, системот за запирање на работа и исклучување.
Беше целосно демонстриран, системот за автоматска работа на централата кој е раководен од програмибилна единица поставена на УПРАВУВАЊЕ со SCADA . Беше објаснет системот на возбудување, механичка стабилност и контрола на лежишта, мерење на неелектрични големини, мерење на електрични големини, работа на разделувачи, прекинувачи, која беше демонстрирана на лице место. Беше демонстрирана работата на предурбинскиот затворач, преку, прекид и вклучување на доводен воден столб, под реални услови, како и работата и улогата на бајпасот.
Беше демонстриран и системот на лична заштита на вработените во централата, начините на евиденција и следење на одржувањето на постројката. Наставниците имаа можност на лице место во надгледен час, пред учениците, да ги поврзат, теоретските знаења со практичната демонстрација, која исклучиво може да биде направена во вакви услови на терен, под реални параметри. За учениците, денот беше извор на искуства во сите наставни предмети од важност за струката.
Голема благодарност , училиштето, упатува , до одговорниот тим на SOL Hydrpower DOOEL, и на г-динот Ивица Шремпф, кој ни обезбеди одличен прием. Благодарност и до Игор Ангелов дипл.ел. инж , за одличната практична презентација.
На враќање, кон Велес, целата група го посети Лешочкиот манастир Св. Атанасиј и постојаната изложба посветена на Кирил Пејчиновиќ, во Конакот на манастирот.
Стручни наставници кои ја реализираа посетата :
1.Снежана Софијанова
2.Зоран Темелковски
3.Ѓоко Ѓоргиев

 22528108 10155907535264662_3656137304361458050_n

22528276 10155907535249662_5945962107633663987_n

22554990 10155907535269662_5855982211386919583_n

Вие сте на: Home Настани Настани Систем за автоматска работа на централа