KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ

23213026 10155944839654662_4957820347022960225_o

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата на училишен спорт на Македонија го изготви овој проект со основна цел да се унапреди училишниот спорт со зголемување на бројот на ученици вклучени во спортските активности и системот на натпревари во учебната 2017/18 г. Во рамките на овој проект во Велес на се реалзираше меѓузонски натпревари во футсал кој се одигра на ден 1.11.2017 год. (среда) во конкуренција на средни општински училишта од Источниот регион на ФУСМ. Екипата во футсал на ССОУ “Коле Неделковски зема учество на овој прв турнир заедно со екипите на средните училишта од Куманово, Крива паланка, Св. Николе и Радовиш. Футсал екипата на ССОУ “Коле Неделковски ја предводеа наставниците по спорт и спортски активности Леонид Таневски и м-р Ангелче Гушев, кој воедно беше и делагат на целокупниот турнир. Во рамките на овој државен проект следуваат и натпреварите во одбојка кој треба да се реализираат во Источниот регион и тоа во Струмица, Крива Паланка и Велес.

м-р Ангелче Гушев

Вие сте на: Home Настани Настани УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ