KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Учество на ЕКВЕТ конференција

23275367 10155955334144662_4579318708770362489_o

Наставниците од ССОУ „Коле Неделковски“ кои беа и ќе земат учество во годинешниот „ЕРАЗМУС +“, присуствуваа на ЕКВЕТ конференцијата на тема: „Промоција и размена на добри практики во спроведувањето на ЕКВЕТ помеѓу Република Македонија и Република Чешка“.
Конференцијата ја водеше м-р Дарко Димитров, ВД директор на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
На конференцијата земаа збор: г-ѓа Наташа Јаневска, државен советник при МОН, која ја образложи Националната рамка на квалификации;
Г-ѓа Маја Крстевска, преставник на Центарот за образование на возрасни, која говореше за Веривикацијата на посебните програми за образование на возрасни;
Г-дин Јаромир Коуфалик, ЕКВЕТ експерт од Чешка, кој говореше за имплементацијата на ЕКВЕТ во Чешка;
Г-ѓа Алена Тришкова, ЕКВЕТ експерт од Чешка, која објасни како да се оценуваат, верификуваат и признаат образовните квалификации.
На крајот, м-р Љупчо Тошев, извршен директор во ФАЦЕ Фондацијата презентираше пример за направена програма за образование на возрасни „Фармер за органско производство“.

На конференцијата присуствуваа: Марјан Панов, Валентина Шкрекова, Марјан Малинов, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Катерина Стојадиновиќ, Даниел Здравевски, Горан Богоевски, Соња Пашоска, Верица Анѓушева Ѓоргов и Сашо Ѓоргов.

 23415241 10155955333509662_394446507386445540_o

23331101 10155955333519662_7779473770877699512_o

Вие сте на: Home Настани Настани Учество на ЕКВЕТ конференција