KoleNedelkovski.edu.mk

  • Учество на меѓузонски натпревари во одбојка

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Посета на металната индустрија „БРАКО“

    Учениците од 2-2 клас во петокот (20.10.2017 г.) извршија посета на металната индустрија „БРАКО“. Беа посетени: погонот за монтажа на возила за чистење на улични површини - Green machines и погонот за ЦНЦ обработка. Посетата ја реализираа наставниците по практична настава Илија Танев и Благој Пашоски.

  • Посета на саемската манифестација „Технома 2017“ година

    Денеска (26.10.2017 г.) учениците од машинската струка (ученици од класевите 1-1, 1-2, 2-2, 3-1, 4-1, 4-2) извршија посета на саемската манифестација „Технома 2017“.

  • Европската недела на мобилност одбележана во Велес

    Десет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предводени од професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев земаа учество воманифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта.

  • ПРВО МЕСТО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

    Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“ во кои што учествуваат сите средношколци од Велес. Општа цел на овој проект е да средношколците се рамноправни во секојдневното дружење.Со реализацијата на активностите и остварувањето на специфичните цели на проектот ќе се придонесе во едуцираме младите за нивните права и обврски,како и за начинот на планирање и реализирање.

  • ПОЧЕТОК НА НОВАТА ШКОЛСКА ГОДИНА

    Свечен дочек и добредојде на учениците во прва година во ССОУ „Коле Неделковски“ им посака директорот на училиштето, а потоа учениците со нивните класни раководители се упатија кон своите училници. Нека ви е со среќа почетокот на новата учебна година идни машинци, електротехничари, сообраќајци и угостители !!!

  • Учениците од Новогард во посета на Охрид

  • 11-ти Интернационален натпревар по роботика во Конја – Р. Турција

  • Посета на Скопје и комплексот „Македонско село“

  • Посета на отворениот ден на Машински факултет во Скопје

    Во организација на Машинскиот факултет од Скопје, учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ извршија посета, каде беа запознаени со сите студиски програми што ги нуди оваа високо образовна институција.

  • Учество на 11-от Интернационален натпревар по роботика

    На 10-ти Мај беше отворен 11-от Интернационален натпревар по роботика во Конја – Република Турција. Нашите натпреварувачи Никола Стоименов и Јованче Андовски се една од 49-те екипи кои ќе се натпреваруваат во областа „Индустриска роботска рака“. Денешниот ден тие се претставија на изложбениот штанд во конгресниот центар.

  • Прослава на Конституцијата на Полската држава

    И оваа година, училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ на покана на Неговата Екселенција Амбасадорот на Р. Полска во Р. Македонија, г-дин Jacek Multanowski, присуствуваше на Прославата на годишнината на конституцијата на Полскатa државa (3 мај 1791 г.). Оваа година Р. Полска прослави 226 годишнината од својата државност.

Извештај од одржаниот училишен натпревар за Проектот „Лидер“–избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија

23334069 10155966539254662_3249863774409125485_o

На 10 Ноември 2017 година во ССОУ “Коле Неделковски” Велес се одржа училишен натпревар во електротехничка струка, образовен профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика за Проектот „Лидер“–избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија.
Активностa за избор на ниво на училиште во теоретскиот дел се состои од одговарање прашања на тест со средно ниво на сложеност. Тестот содржи прашања од сите стручни предмети што се изучуваат во прва, втора и трета година од образовниот профил за учениците од четиригодишното техничко образование.
Право на учество на натпреварот имаа ученици од четврта година од паралелките IV-4 и IV-5.
Натпреварот го спроведе проф. Томислав Иванов и се постигнаа следните резултати дадени во табелата:

Струка: eлектротехничка
Образовен профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Ред.број Име и презиме Паралелка Бодови
1. Никола Стоименов IV-5 79
2. Баже Темелковски IV-5 59
3. Давид Тодоров IV-4 58
4. Ристе Мулев IV-5 56
5. Васил Трендафилов IV-4 55
6. Ванчо Каџбанов IV-4 46
7. Кристијан Митев IV-4 36
Подготвил: проф. дипл.ел.инж. Томислав Иванов

 23550297 10155966540069662_6477600422658504445_o

Вие сте на: Home Настани Настани Извештај од одржаниот училишен натпревар за Проектот „Лидер“–избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија