KoleNedelkovski.edu.mk

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

Конкурс за уметничка фотографија на тема „УБАВИНА ВО ФОТО МОМЕНТ“

23737632 10156000121874662_5321225109916231078_o

Почитувани!

По повод одбележувањето на патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“, училиштето организира Конкурс за уметничка фотографија на тема „УБАВИНА ВО ФОТО МОМЕНТ “.
Вашата задача ќе биде да понудите уметнички фотографии кои би требало да прикажат фото моменти, снимени во секојдневни или несекојдневни прилики кои ве инспирирале да ги забележите преку фотографија. Фото моментите можат да бидат снимени во природен или друг амбиент. Пораката која треба да ја носи фотографијата е убавината како дел од природата, културата, минатото, сегашноста, животот. Фотографијата е потребно да ја пренесе убавината на моментот во кој настанала.УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ
за пријавување на фотографиите1. Овој конкурс е отворен за сите ученици – основци и средношколци, љубители на фотографијата.
2. Фотографиите да се испраќаат во дигитална форма на е-mail адресата на училиштето: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
3. Фотографиите треба да бидат во JPEG формат со резолуција од 300 dpi.
4. Името на секоја фотографија треба да биде назначено најпрво со името на авторот, па презимето, училиштето, годината на образование (одделение/клас) и на крајот со редниот број.
Пример: ime_prezime_uciliste_oddelenie/klas_1.jpg; ime_prezime_uciliste_oddelenie/klas _2.jpg.
5. Авторите може да аплицираат со колор или црно бели фотографии. Максималниот број на фотографии е 3 (три) фотографии по автор.
6. Фотографиите е дозволено да бидат дигитално обработувани се додека во нив преовладува реалната сцена. Фотомонтажата е забранета. На предната страна на фотографиите не смее да има испишано име, псевдоним или каков и да е друг текст.
7. Со поднесување на фотографиите, авторот гарантира дека делото е негово и со тоа дозволува целото или било кој дел од делото да биде користено бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата, под ова се подразбира дека фотографиите можат да бидат објавени со ниска резолуција на веб страната на училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ (www.kolenedelkovski.edu.mk).
8. Во е-mail-от со кој конкурирате и ги поднесувате фотографиите задолжително да се напишат:
Името и презимето на авторот
Адресата на живеење
Телефон за контакт
9. Оценувањето на фотографиите ќе го врши тричлена комисија.
10. Краен рок за испраќање на фотографиите е: 11.12.2017 година.
11. Известување на наградените: 12.12.2017 година.
12. Отварање на изложбата: 14.12.2017 - 22.12.2017 година.
За секакви дополнителни информации јавете се на е-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака: Конкурс за уметничка фотографија.
Вие сте на: Home Настани Настани Конкурс за уметничка фотографија на тема „УБАВИНА ВО ФОТО МОМЕНТ“