KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

СТИПЕНДИЈА ЗА СПОРТСКА НАДЕЖ ЗА МЛАДИ СПОРТИСТИ ДО 20 ГОДИНИ

25353590 10156070927264662_8924860602748575984_n

По освојувањето на третото место на државното првенство во одбојка одржано во Прилеп во периодот од 30.3 до 2.4.2017 год. и учеството на државно првенство во одбојка на песок одржано во Скопје во СОУ “Никола Карев“ на 1.6.2017 год. во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, капитенот на одбојкарската екипа на ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес, Филип Ајдаров се стекна со стипендија од страна на Агенцијата за млади и спорт во категоријата спортист – Спортска надеж. Филип Ајдаров кој е ученик во 4-5 клас при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес се стекнува со овој вид на стипендија за најуспешни млади спортисти до 20 години како член на Национална спортска федерација со комплексен систем на натпревари – Федерација на училишен спорт на Македонија преку Сојузот на училишен спорт на Велес, под менторство на неговиот наставник по спорт и спортски активности и одговорен на споменатата одбојкарска екипа при училиштето, м-р Ангелче Гушев.

Вие сте на: Home Настани Настани СТИПЕНДИЈА ЗА СПОРТСКА НАДЕЖ ЗА МЛАДИ СПОРТИСТИ ДО 20 ГОДИНИ