KoleNedelkovski.edu.mk

  • СТИПЕНДИЈА ЗА СПОРТСКА НАДЕЖ ЗА МЛАДИ СПОРТИСТИ ДО 20 ГОДИНИ

    По освојувањето на третото место на државното првенство во одбојка одржано во Прилеп во периодот од 30.3 до 2.4.2017 год. и учеството на државно првенство во одбојка на песок одржано во Скопје

  • Презентација на работата на фирмата „БРАКО“

    Во рамките на активностите по повод Патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“ на 13.12.2017 година во салата за презентации на училиштето беше извршена презентација на работата на фирмата „БРАКО“.

  • Културен разглед на градот Софија

    Денес (29.11.2017 г. Среда), во програмските содржини, беше Културниот разглед на градот Софија, реализиран од Интернационалниот центар за развој на Образованието и обуката од Софија.

  • Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

    Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

  • Реализација на проектот “Училишни спортски лиги“ во Велес

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Учество на меѓузонски натпревари во одбојка

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Посета на металната индустрија „БРАКО“

    Учениците од 2-2 клас во петокот (20.10.2017 г.) извршија посета на металната индустрија „БРАКО“. Беа посетени: погонот за монтажа на возила за чистење на улични површини - Green machines и погонот за ЦНЦ обработка. Посетата ја реализираа наставниците по практична настава Илија Танев и Благој Пашоски.

  • Посета на саемската манифестација „Технома 2017“ година

    Денеска (26.10.2017 г.) учениците од машинската струка (ученици од класевите 1-1, 1-2, 2-2, 3-1, 4-1, 4-2) извршија посета на саемската манифестација „Технома 2017“.

  • Европската недела на мобилност одбележана во Велес

    Десет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предводени од професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев земаа учество воманифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта.

  • ПРВО МЕСТО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

    Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“ во кои што учествуваат сите средношколци од Велес. Општа цел на овој проект е да средношколците се рамноправни во секојдневното дружење.Со реализацијата на активностите и остварувањето на специфичните цели на проектот ќе се придонесе во едуцираме младите за нивните права и обврски,како и за начинот на планирање и реализирање.

  • ПОЧЕТОК НА НОВАТА ШКОЛСКА ГОДИНА

    Свечен дочек и добредојде на учениците во прва година во ССОУ „Коле Неделковски“ им посака директорот на училиштето, а потоа учениците со нивните класни раководители се упатија кон своите училници. Нека ви е со среќа почетокот на новата учебна година идни машинци, електротехничари, сообраќајци и угостители !!!

  • Учениците од Новогард во посета на Охрид

Училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – Велес - Најдобро училишно спортско друштво за 2017 година

26198057 10156104608414662_4137856711410906235_o

Во рамките на манифестацијата Избор на спортист на градот за 2017 година во организација на Општина Велес и Сојузот на спортови на Велес на 29.12.2017 год. (петок) на бродот “Панини“ на Велешко езеро, Училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – Велес беше прогласен за најдобро училишно спортско друштво за 2017 година. Во името на училиштето Дипломата ја прими директорот Боро Ристовски. Во оваа 2017 година ги има постигнато следните резултати во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојуз на училишен спорт на Велес: - Трето место на државното првенство во одбојка (машки) во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Прилеп во периодот 30.3. до 2.4.2017 год во СОУ “Ристе Ристевски – Ричко“ - Трето место на државното првенство во одбојка на песок (машки) во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Скопје на 1.6.2017 год. во СОУ “Никола Карев“ - Врво место на регионалното првенство во одбојка (машки) во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Штип на 23.2.2017 год во ООУ “Димитар Влахов“ - Прво место на општинската лига во одбојка (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 10-15.2.2017 год. во СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ - Второ место на општинската лига во ракомет (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 1-20.3.2017 год. во Спортската сала Гемиџии во Велес - Учество на државното првенство во Атлетика во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија , организирано на 5.5.2017 год. на Телеком Арена во Скопје со учениците Енис Небиовски и Дарко Илиевски кои се натпреваруваа во две дисциплини и тоа во трките на 100 метри и фрлање на ѓуле. Во дисциплината фрлање на ѓуле Енис Небиовски го освои петтото место со фрлени 8.94 метри, а Дарко Илиевски седмото место со фрлени 7.56 метри од пријавени 16 учесници. Додека во дисциплината 100 метри Дарко Илиевски го освои 8 место, а Енис Небиовски го освои 14 место од пријавени 26 учесници. - Учество на новиот систем на Зонски натпевари – зона ИСТОК во одбојка (машки) организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и тоа на турнирите организирани во Струмица и Велес со освојување на второ место на на овој тип натпревари во периодот од октомври до декември 2017 год. - Учество на новиот систем на Зонски натпевари – зона ИСТОК во футсал (машки) организација на Федерација на училишен спорт на Македонија - Капитенот на училиштата одбојкарска екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, ученикот од 4-5 клас Филип Ајдаров се стекна со стипендија за најуспешни млади спортисти до 20 години како член на Национална спортска федерација со комплексен систем на натпревари – Федерација на училишен спорт на Македонија преку Сојузот на училишен спорт на Велес - Организирање на велосипедската тура на релација Велес – Војница – Велес, родното место на Коле Неделковски. На оваа велосипедска тура со должина од 30 километри, учество земаа 15 ученици и наставниците по спорт и спортски активности од училиштето - Трето место на општинската лига во одбојка (женски) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 10-15.2.2017 год. во СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ - Прво место на Државно првенство во стрелаштво на ученикот Ненад Антиќ со вкупно 174 бодови во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија - Трето место на општинската лига во кошарка (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од ноември 2017 год. во ССОУ “Коле Неделковски“ - Второ место на општинската лига во футсал (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од ноември 2017 год. во Спортска сала “Гемиџии“ _ Велес - Организирани три планинарски тури тури на релација Богомила – Папрадиште – Чеплес - Средното училиште “Коле Неделковски“ како домакин на средното училиште “Станислав Сташица“- Новогард од Република Полска на 26.5.2017 год. (петок) организираше спортски натпревари помегу учениците од двете училишта. Во рамките на спортските натпревари се организираа натпревари во футсал, кошарка и одбојка. - Училишниот спортски клуб “Коле Неделковски - УЗУС“ во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес во соработка со Општина Велес на 11.5.2017 год. (четврток) со 50 ученици учествува на ОТВОРЕН СПОРТСКИ ДЕН на град Велес. - Во рамките на посетата на гостите од Република Франција, која брои 43 лица од кои 38 се ученици, 3 наставника, претставник на Родителскиот совет и претставник на Педагошко психолошката служба на училиштетот со кое Општина Велес е директно збратимена, на 16.3.2017 год. (четврток) во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес се организираа и спортски натпревари во кошарка помегу ученици од Машинската струка , образовен профил Индустриски котли со средното стручно училиште Lycée Alexis de Tocqueville Académie de Caen Cherbourg Octeville од Шербур Ен Контантин (Cherbourg-en-Cotentin) Нормандија, Р.Франција и учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ од нашиот град.

Вие сте на: Home Настани Настани Училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – Велес - Најдобро училишно спортско друштво за 2017 година