KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Одбележување на денот на Српската заедница во Р. Македонија 27 јануари – Денот на Свети Сава

26962396 10156181266529662_1630842161108526504_o

И оваа година, традиционално по петти пат, во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, во ССОУ „Коле Неделковски“ беше организирано предавање на тема „МЕНТАЛНАТА ОСКА, МАРИЌ – АЈНШТАЈН“. Предавањето беше организирано по повод одбележувањето на денот на Српската заедница во Р. Македонија, 27 јануари, денот на „Св. Сава“. Тимот на проектот МИО и оваа година, подготви интересна тема, која ги зближи учениците. Во предавањето беше посебно аспектирана поврзаноста на тимот математичари и физичари Милева Мариќ и Алберт Ајнштајн. Кон учениците беа издвоени и посебно аспектирани елементите на созревање на индивидуите во личниот, семејниот и професионалниот живот, со цел да се воочат одредени воспитни компоненти како и морални вредности на човекот. Пораката на предавањето беше: зад една посебна генијалност се кријат луѓе со своите кревки чекори на својот судбински пат. Предавањето го следеа 30 ученици од електротехничката струка од сите националности во училиштето (претставници од паралеките I – 6, I – 7, I - 8 и II-7 ) : Македонци, Бошњаци, Албанци, Муслимани, Турци. Предавањето учениците го проследија заедно со одговорните наставници: Мира Ташкова – Кооординатор на училишниот проектот МИО, Пандорка Јорданова – Педагог, Сашко Ѓоргов - Професор, Даниел Здравевски – Професор, Родна Игнатовска – Професор. Предавањето го подготви Снежана Софијанова - Професор и учесник во програмата на училишниот проект МИО за учебната 2017/2018 г. ТИМ на Проекот МИО во училиштето.

 27173387 10156181267974662_1106682819323643009_o

27369182 10156181267634662_495443112102596151_o

Вие сте на: Home Настани Настани Одбележување на денот на Српската заедница во Р. Македонија 27 јануари – Денот на Свети Сава