KoleNedelkovski.edu.mk

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

  • Практична настава во рамките на проектот Capacities development initiative

  • Разглед на градот Sidges

    Слободниот викенд учениците од ССОУ " Коле Неделковски" Велес го поминаа во разглед на градот Sidges.

  • Посета на Camp Nou

    Учениците од ССОУ "Коле Неделковски" го посетија стадионот Camp Nou, лоциран во западниот дел од градот, кој претставува дом на ФК Барселона уште од неговата изградба во 1957.

  • Македонски ручек

  • Посета на L'Aquarium Barcelona

    Учениците од ССОУ "Коле Неделковски" своето слободно време го искористија во посета на L'Aquarium Barcelona , лоциран во Port Vell, каде 35 аквариуми претставуваат дом на 11 000 животни од 450 видови.

  • Прошетка и запознавање знаменитости во Барселона

    Las ramblas...Port Olimpic...Port Vell...Estadi Olimpic..Sagrada Familia..Camp nou Учениците од ССОУ ,,Коле Неделковски" - Велес својот слободен ден го искористија во запзнавање на повеќе знаменитости од Барселона.

  • Учениците од ССОУ ,,Коле Неделковски” - Велес пристигнаа во хотел Campanile - Барселона, Шпанија

    Учениците од ССОУ ,,Коле Неделковски” - Велес пристигнаа во хотел Campanile - Барселона, Шпанија. Денес учениците ги добија своите работни задачи и започнаа со практичната обука согласно програмата Еразмус +.

Конкурс за уметничка творба под мотото „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“

27459022 10156209358819662_7902679418550033748_n

Почитувани наставници и ученици! Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ од Велес, има чест, да Ви упати покана за учество на конкурс за изработка на креативна маска, организиран по повод христијанскиот празник Прочка (Недела на Проштевањето 18.02.2018 г.). Мотото на овој конкурс е „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“ Оваа година, конкурсот го организираме во две категории : 1. Најдобар креатор на маска, кој својата техника ќе ја демонстрира на работилницата за креирање на маски, која се планира да се одржи на ден 15.02.2018 г. (петок) , во од 11.00 - 13.00 часот, во просториите на училиштето. Пријавувањето на оваа работилница, предлагаме да биде во вид на екипа - група, која би го претставувала училиштето и секоја група може да брои најмногу 5 ученика, со наставник ментор. Секое училиште може да пријави една или повеќе екипи. Материјалот за работа на маската, која ќе биде предмет на демонстрација, за време на работилницата, секој учесник си го носи според сопствената замисла. Организаторот обезбедува просторни услови за реализација на процесот на изработка. Во колку маската има одредени фази кои имаат подолг процес на работа, маската може да се доработи, односно да се донесе на работилницата како готов полуизработен примерок. Според желба на натпреварувачите, може преку видео материјал или фотографии, учесникот да покаже како течел процесот на изработка. Секој учесник, преку својот ментор, доколку сака може да презентира видео материјал или фотографии како течел процесот на изработка на маската и истите да ги достави на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 12.02.2018 г. (понеделник) Пријавувањето на групите во работилницата е најдоцна до 12.02.2018 г. преку наставниците ментори на групите, на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Во пријавата наставникот-ментор да ги наведе: • Училиштето, • списокот на ученици учесници во работната група, • паралелка или клас и • дали е потребен некој дополнителен услов за демонстрација на изработката на маската. Доколку има потреба да биде наведен во пријавата, со цел да се организраат условите од страна на домаќините на настанот. Основно во креацијата на маската е запазувањето на симболикта на традиционалните ликови, баба, дедо, доктор актуелни во време на одбележувањето на празникот „Прочка“, но воедно оставаме слобода во креацијата по избор на натпреварувачите. 2. Најдобра маска, (креирана и изработена) може да се достави на конкурсот од страна на секој ученик автор, преку својот наставник ментор најдоцна до 12.02.2018 г. Изработените маски, потребно е да имаат точна идентификација на авторот (училиште, име и презиме, одделение/клас) и неговиот ментор. Истите ќе бидат изложени на изложбата која ќе биде организирана на ден 15.02.2018 г. во просториите на училиштето домаќин. Најдобрите примероци, нивните автори и ментори, ќе бидат наградени. Сите дела во форма на отворена арт изложба ќе бидат поставени на веб страната на училиштето (www.kolenedelkovski.edu.mk), фејсбук профилот на училиштето, и фејсбук групите за меѓународна соработка на училиштето а воедно ќе бидат изложени во изложбениот простор во училишната зграда. Своите трудови, можете да ги донесете лично или да ги упатите по пошта на следнава адреса: ССОУ „Коле Неделковски“, ул. „Андон Шурков“ бр. 4а, 1400 Велес, со назнака: ЗА КОНКУРС „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“ најдоцна до 12.02.2018 г. Однапред благодариме!

Вие сте на: Home Настани Настани Конкурс за уметничка творба под мотото „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“