KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Работилница за изработка на маски и изложба на маски

Во училиштето ССОУ „Коле Неделковски“, во чест на претстојниот празник „Прочка“, беше одржана работилница за изработка на маски и изложба на маски. Маските се подготвуваа во духот на традицијата и празнувањето на „Прочка“ во Велес. Учениците и наставниците ментори, креираа и се дружеа, заеднички изложуваа и ги оценуваа пристигнатите маски на конкурсот и создадените маски на оваа работилница, која имаше натпреварувачки карактер. Натпреварот беше во делата на имагинацијата и креативноста, како и доловувањето на веселите традиционалните ликови на оргинален начин. На работилниците замаа учество ученици од: ООУ„Јордан Хаџи Константинов Џинот“ (5 ученика), со ментор наставник Светлана Гацева Галева, ООУ „Благој Кирков“, (4 ученика), ООУ „Блаже Конески“, (5 ученика) во организација на ментор Ирена Илиќ, ООУ „Васил Главинов“, (10 ученика) со ментор, наставничка Снежана Стефановска, ООУ „Кирил и Методиј“ (5 ученика) со наставник Васил Гаврилов , ОУ „Даме Груев“ - Градско (3 ученика) со ментор наставник Сашко Арсовски. На работилницата беа избрани најдобри маски од маските кои беа изработени во времетраење на настанот, со гласање на сите присутни, беа прогласени три најдобри маски со најсмешни и највесели ликови. На сите присутни и претходно пријавени учесници, им беа доделени благодарници за учеството на работилницата . Доделени се и три награди, од изложбата на маски, (60 маски, доспеани на конкурсот) , кој беше дел на овој настан и чиј декор ја поддржа целата инспиративна активност и тоа: 1. Прво место освои маската на Дејвид Угриновски Va, ученик во ООУ „J.Х.К.Џинот“, под менторство на наставник Лорета Стојановска, за „Смешна маска со гумен јазик“. 2. Второ место освои маската со лик на „Ѓавол“ на ученичката Марија Ѓоргиева III одд., од ОУ „Васил Главинов“, ментор наставник Елена Клемова 3. Трето место освои маската со хартиени пердуви, на ученичкот Слободан Калешов од VII – б oдд. ООУ „Ј.Х.К.Џинот“ Сите маски, кои се дел на овогодинешниот конкурс и изработени на работилницата, се изложени во форма на изложба во Мултифункционалната сала на училиштето. Изложбата може да се посети до среда 01 март 2018 г., во придружба на одговорен наставник. Организација на настанот: техничка поддршка: учениците од IV – 5 клас, логистичка поддршка: учениците од I-8 клас, организација: наставниците Снежана Софијанова, Сашко Ѓоргов , Педагог Пандорче Јорданова, Психолог Соња Пашоска.

Вие сте на: Home Настани Настани Работилница за изработка на маски и изложба на маски