Интернационален гастрономски фестивал „Бисер на морето“
Оваа година по шести пат, на островот Брач, Р. Хрватска, се одржа Интернационалниот гастрономски фестивал „Бисер на морето“. Дваесет земји со своите готвачки тимови се натпреваруваа во кулинарски вештини и приготвување на национални јадења.
Оваа година на оваа манифестација учество земаа и 15 средни државни угостителски училишта и истакнати готвачки академии од Швајцарија, Полска, Русија, Турција, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Нашите претставници Василија Илиевска, Анес Алидини и Кристијан Алексовски, ученици во прва година - насока готвачи, под водство на професор Руска Ајтова годинава за прв пат можеа да ја почуствуваат тежината на својата професија. Како натпреварувачи, зад својот пулт, пред десетина интернационални судии тие приготвуваа разни видови на предјадења, главни јадења и десерти. Иако беа најмлади учесници на натпреварот тие ги освоија симпатиите на сите присутни гастрономи, судии и готвачи и се здобија со едно големо искуство и знење кое понатаму можат да го искористат во своето образование и да прераснат во вистински професионални готвачи.
Вложениот труд и подготовките на крајот вродија со плод – освоено трето место на еден интернационален натпревар е успех достоен за почит. Им честитаме на наградените ученици. БРАВО !!!