KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Посета на фабриката „Братство МЗТ ковачница“

Денеска, 23.02.2018 година, под раководство на професорката по машински стручни предмети Трајкова Христина, Ѓоко Ѓорѓиев професор по електро стручни предмети и учениците од машинската струка (паралелки 2-1 и 2-2) беше посетена фабриката „Братство МЗТ ковачница“ која е подружница на „Братство INOX“ од Охрид. Оваа ковачница е единствена во Р. Македонија и се протега на 2500 м2. Греењето на материјалот се врши во индукциона печка со моќност од 300 КW. Деловите се пескарат во ротациона пескара со челични сачми. Учениците се запознаа со процесот на ковање, постапка која е една од најстарите постапки на обработка на металите. Во фабриката се изведуваат две постапки на ковање: ковање во алат и слободно ковање. Ковачница изработува опрема за АД „Македонски Железници“. Покрај ковањето, учениците запознаа со постапките за заварување на металите МИГ-МАГ, ТИГ и РЕЛ.
Вие сте на: Home Настани Настани Посета на фабриката „Братство МЗТ ковачница“