KoleNedelkovski.edu.mk

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

V-ти Општински натпревар во електротехничка струка

На 28 Февруари, 01 и 07 Март 2018 година во ССОУ “Коле Неделковски” Велес се одржаа V-тите Општински натпревари во електротехничка струка, во образовните профили електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар за електроника и телекомуникации. На натпреварот учествуваа 5 ученици од паралелката 3-8 (електротехничари енергетичари), 11 ученици од паралелките 3-6 и 3-7 (електротехничари за компјутерска техника и автоматика) и 4 ученици од паралелката 3-8 (електротехничари за електроника и телекомуникации). Во образовниот профил електротехничар-енергетичар според ранг листата по освоено бодови, ученикот Кристијан Митковски од паралелката 3-8 беше прв, а според правилникот за натпревари III (трето) место со освоено 65 бодови од соодветниот тест и се стекна со право на учество на петиот регионален натпревар. Ментори, а воедно и комисија за спроведување на натпреварот беа професорите: Симе Мајсторов, Томислав Иванов и Елена Миткова Јовановска. Во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика според ранг листата по освоено бодови, ученикот Сашко Ангеловски од паралелката 3-6 беше прв, а според правилникот за натпревари се стекна со пофалница со освоено 50 бодови од соодветниот тест и се стекна со право на учество на петиот регионален натпревар. Ментори, а воедно и комисија за спроведување на натпреварот беа професорите: Томислав Иванов, Никола Дечев и Никола Јакимовски. Во образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации според ранг листата по освоено бодови, ученикот Виктор Славевски од паралелката 3-8 беше прв, а според правилникот за натпревари I (прво) место со освоено 91 бод од соодветниот тест и се стекна со право на учество на петиот регионален натпревар. Ментори, а воедно и комисија за спроведување на натпреварот беа професорите: Гордана Мулева и Леонид Кодовски.
Вие сте на: Home Настани Настани V-ти Општински натпревар во електротехничка струка