KoleNedelkovski.edu.mk

  • Културен разглед на градот Софија

    Денес (29.11.2017 г. Среда), во програмските содржини, беше Културниот разглед на градот Софија, реализиран од Интернационалниот центар за развој на Образованието и обуката од Софија.

  • Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

    Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

  • Реализација на проектот “Училишни спортски лиги“ во Велес

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Учество на меѓузонски натпревари во одбојка

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

  • Посета на металната индустрија „БРАКО“

    Учениците од 2-2 клас во петокот (20.10.2017 г.) извршија посета на металната индустрија „БРАКО“. Беа посетени: погонот за монтажа на возила за чистење на улични површини - Green machines и погонот за ЦНЦ обработка. Посетата ја реализираа наставниците по практична настава Илија Танев и Благој Пашоски.

  • Посета на саемската манифестација „Технома 2017“ година

    Денеска (26.10.2017 г.) учениците од машинската струка (ученици од класевите 1-1, 1-2, 2-2, 3-1, 4-1, 4-2) извршија посета на саемската манифестација „Технома 2017“.

  • Европската недела на мобилност одбележана во Велес

    Десет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предводени од професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев земаа учество воманифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта.

  • ПРВО МЕСТО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

    Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“ во кои што учествуваат сите средношколци од Велес. Општа цел на овој проект е да средношколците се рамноправни во секојдневното дружење.Со реализацијата на активностите и остварувањето на специфичните цели на проектот ќе се придонесе во едуцираме младите за нивните права и обврски,како и за начинот на планирање и реализирање.

  • ПОЧЕТОК НА НОВАТА ШКОЛСКА ГОДИНА

    Свечен дочек и добредојде на учениците во прва година во ССОУ „Коле Неделковски“ им посака директорот на училиштето, а потоа учениците со нивните класни раководители се упатија кон своите училници. Нека ви е со среќа почетокот на новата учебна година идни машинци, електротехничари, сообраќајци и угостители !!!

  • Учениците од Новогард во посета на Охрид

  • 11-ти Интернационален натпревар по роботика во Конја – Р. Турција

  • Посета на Скопје и комплексот „Македонско село“

Реализирана обука од проектот Еразмус + (02.12.2017)

24210387 10156025764514662_8601161107916843558_o

Темата на денешната обука во Софија,реализирана преку програмата на проектот финансиран од Еразмус + (02.12.2017) се Развој на компетенциите на наставникот и нови методи на учење.Аспектите на оваа обука се детерминирани од педагошко,психолошка страна.Обуката денес се реализира под водство на професор Силвија Цветанска од Педагошкиот факултет во Софија

Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

Втор ден од обуката во рамките на ЕРАЗМУС + проектот во Софија, Р. Бугарија

24059373 10156016066199662_7888199456584637866_o

Во вториот ден од обуката реализирана од Интернационалниот Центар за развој на Обука во образованието во Софија, (преку проектот Erazmus+) се реализирани следните содржини:

*Работа на учителот како менаџер во наставата
*Директорот како менаџер на наставата 
*Посетено е Средно стручно училиште со програма на Економско образование, водечко во своите резултати и програмски цели во Р. Бугарија.

Денешната обука ја води Доцент Др. Силвија Цветанска Професор на Педагошката академија во Софија и Проф. Др. Цветан Давитков ,професор на Државниот Економски факултет во Р. Бугарија, град Софија.
Извонредна професионалност и огромни искуства се пренесуваат преку овој проект до нас, група од 7 наставници од нашето училиште. Овие проекти се со многу високо ниво на квалитет, стручност и компетенции при нивната реализација. За сите нас овде присутни наставници од Р. Македонија (вкупно 17 од три училишта), ова претставува обука која ја примаме со највисок интерес и мотивација.

Меѓуетничка интеграција во образованието: квиз натпревар и дебата

18953352 10155507026824662_1584184468865773898_o

 

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на ден 07.06.2017 год. (среда) учениците и одговорните наставниците од ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес го посетија партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово. Реализиран беше квиз натпревар на темa: „Заедно учиме и се запознаваме“ и дебата на тема: „Денешното образование клуч кон успехот“. Учениците од двете партнер училишта ги презентираа убавите спомени од посетата на Липквското езеро и џамијата во Липково во март, како и посетените места во Богомила: Римскиот мост, железничката станица, крстот, спомен куќата на Петар – Поп Арсов, манастирот Св. Спас и рибникот на пастрмка Нежилово во мај. 
Поделени беа и изработените брошури со содржини од тие две посетени места. Потоа учениците го посетија музејот во Куманово и продолжија со прошетка на Куманово.

Посета на Богомила во рамките на МИО

 18879977 10155481405254662_3620234320406849613_o

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на ден 31.05.2017 год.( среда ) учениците и наставниците од двете партнер училишта ССОУ „ Коле Неделковски “ - Велес и ОСТУ „ Наце Буѓони “ - Куманово успешно реализираа уште една заедничка активност – посета на селото Богомила.

Најнапред учениците го посетија Римскиот мост на реката Бабуна на влезот од селото и железничката станица. Потоа се упатија кон крстот кој се наоѓа на таква местоположба од која може да се види целото село.
Посетена беше спомен - куќата на Петар Поп Арсов, црквата Свети Атанасиј и манастирот Свети Спас.

Повеќе...

ОТВОРЕН СПОРТСКИ ДЕН

18422318 10155413093229662_8810457845484999843_o

 

Сојузот на училишен спорт на Велес во соработка со Општина Велес на 11.5.2017 год. (четврток) го организираа ОТВОРЕНИОТ СПОРТСКИ ДЕН на град Велес.
Отворениот спортски ден се реализираше на повеќе локации во Велес и тоа за учениците од основните училишта се спортуваше во следните спортските сали и тоа: во ООУ “Васил Главинов“ каде се играше одбојка, потоа во ООУ “Блаже Конески“ каде се играше футсал и во ООУ “Благој Кирков“ каде се играше кошарка. Додека пак учениците од средните општински училишта спортуваа на градскиот стадион каде се играше фудбал, потоа во спортската сала “Гемиџии“ каде се играше кошарка, потоа во градскиот парк се играше одбојка на песок и тенис на тениското игралиште во градскиот парк.
Сојузот на училишен спорт на Велес за сите училишта од Велес обезбеди и по три топки и тоа за кошарка, одбојка и футсал.
ССОУ “Коле Неделковски“ учество зема со повеќе од триесет ученици кои земаа учество следните спортови и тоа: фудбал, кошарка и одбојка (во машка и женска конкуренција). Учениците од нашето училиште беа предводени од Златко Здраввковски, Леонид Таневски и м-р Ангелче Гушев.
На оваа спортска активност учениците од сите основни и средни училишта од Општина Велес беа предводени од своите наставници по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности . По завршувањето на спортскиот ден се одржа и средба со Општинскиот инспектор за образование и спорт , г-ѓа Македонка Виларова каде што се разгледаа целокупните активности во текот на денот и воедно беа оценети како одлично организирани. 
Овој тип на отворени спортски денови продолжуваат и во наредните денови и тоа на 13.5.2017 год. (сабота) на градсскиот стадион во Велес каде ќе се игра фудбал за младинци и ветерани, а на 19.5.2017 год. (петок) ќе се организираа спортски активности за децата од предучилишна возраст од детската градинка во Велес , а на која што учество ќе земат повеќе од 300 деца.

Повеќе...

Подкатегории

Вие сте на: Home Отворен ден