Конкурс за средношколски есеи – 2020
Учениците од ССОУ ,,Коле Неделковски“ не мируваат. На конкурсот за средношколски есеи – 2020, објавен ова лето, во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и м-р Михаела Ѓорчева, уредник, автор на проектот, со сертификат се закити ученичката Александра Анѓеловиќ од 4-4 клас. Нејзиниот есеј беше објавен во изданието „Средношколски размислувања 4“.
Со сертификат се закити и менторот Мариче Стојанова.
Убаво е чувството, кога учениците изненадуваат со својата креативност. Браво Александра!