KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Поддршка за модернизација на системот за образование

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 1

Обуката на директорите и наставниците на седум средни стручни училишта, избрани да бидат дел од овој проект на ниво на Р.Македонија, беше наменета да се пренесат целните информации поврзани со реформата во средното стручно образование со три и двегодишно траење. На обуката беше целосно образложен методот на работа над овој проект спроведуван во Р.Македонија од 2012 г. и беше претставен концептот на неговата потполна имплементација во средните стручни училишта во државата, планиран да започне во целост во учебната 2013/14 година. Воедно беа претставени добри пракси од реализација на овој проект во Р.Словенија, каде концепциите на реформата и нејзините резултати се активни веќе 12 години. Секоја струка, машинска, електро и угостителско туристичка, која во своите концепти има наставни планови и програми кои датираат од 1988 година, со овој проект добиваат целосна ревитализација, нови концепти на пристап и треба да изградат одлични комуникации помеѓу практичното и теоретското занење на учениците. Предавачи на оваа обука беа: Г-ѓа Роза Арсовска и г-ѓа Лепа Трпческа советници во Центарот за стручно образование и обука на Р.Македонија, Г-ѓа м-р Мирјана Ковач и г-дин Метод Чешарек образовни експери од Центарот за стручно образование и обука на Р.Словенија (www.cpi.si), Г-ѓа дипл.маш.инж Фани Ал-Мансур – образовен експерт и директор на Средното стручно училиште од Бежиград Љубљана (www.s-spssb.lj.edus.si) Од ССОУ Коле Неделковски Велес на обуката присуствуваа: Директор м-р Валентин Елисковски дипл.маш.инж и наставник по електро стручни предмети Снежана Софијанова дипл.ел.инж.

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 2 

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 3

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 4

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 5

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 6

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 7

poddrska-na-sistemot-za-obraznovanie 8

Вие сте на: Home Отворен ден Поддршка за модернизација на системот за образование