KoleNedelkovski.edu.mk

  • Изработени маски од учениците од Новогард, Р. Полска

  • Свечено доделување на дипломите за освоени места на конкурсот

  • Ученичка забава по повод Св. Валентин

  • Креативна работилница за изработка на маски

    Денес, 17 февруари 2015 година (вторник) беше одржана подготвителна креативна работилница, за изработка на маски кои ќе конкурираат на отворената арт изложба. Маските кои ги изработија учениците ќе бидат поставени на веб страната на училиштето:www.kolenedelkovski.edu.mk, и на facebook профилот, а воедно ќе бидат изложени на изложбен простор во училишната зграда.

  • Последен ден од дружењето со гостите од Франција

    Во рамките на програмата за престој на гостите од Р.Франција и заедничкото дружење реализирано на 18 01 2015 (недела) издвојуваме : *Посета на градскиот пазар во Велес и запознавање со ова традицинална форма на трговија - дел од традициите на градот. *Посета на црквата Св.Богородица и презентирање на историски и религиски факти подготвено од учениците домаќини, презентирано од нив на француски јазик.

  • Учениците од Шербур го посетија Скопје

    На 17.01.2015 година - сабота, во рамките на програмата за престој на гостите од Р.Франција, Општина Велес организираше Екскурзија со посета на главниот град на Р.Македонија-Скопје.

  • Посета на амбасадорката на Р. Франција на ССОУ „Коле Неделковски“

    На 16-ти Јануари 2015 година (петок) сите ученици од проектот за меѓународна размена на ученици со градот Шербур, го посетија училиштето ССОУ „Коле Неделковски“.

  • Спортски ден

    Во рамките на активностите , поврзани со престојот на учениците од Општината Шербур, Октавиљ, Р.Франција, денес 15.01.2015, во попладневниот дел од активностите, беше одржан спортски дел од програмата, кој содржеше поголем број на колективни игри како: кошарка, тенис, пинг понг и пикадо.

  • Разгледување на културните и историските знаменитости на Велес

    Г-дин Sebastijan Fenouillere и учениците од Машинската струка - отсек котларство, од збратимениот град Шербур и 6 ученика од ССОУ Коле Неделковски на 15.01.2015 година со помош на проф. по историја Весна Стојанова Богоевска и професорката по Француски јазик Светлана Стојчевска разгледаа дел од културните и историските знаменитости на Велес.

  • Презентација на машинската струка пред гостите од Франција

    Учениците од Машинската струка - отсек котларство, од збратимениот град Шербур, на 14.01.2015 година беа гости во ССОУ „Коле Неделковски“. Одговорниот наставник по практична настава г-дин Sebastijan Fenouillere заедно со група од девет ученика присуствуваа на презентација на софтверскиот пакет „Q – CAM“.

  • Посета на маталните индустрии „БРАКО“ и „ЛЕОВ“

    Во рамките на еднонеделниот престој на учениците од збратимениот град Шербур, во средата беше организирана посета на металната индустрија „БРАКО“ и „ЛЕОВ Компани“.

  • Посета на ССОУ „Коле Неделковски“ на гостите од Франција

    Во рамкте на програмата на посета на училиштата по работни групи, учениците од Машинската струка - отсек котларство беа гости во ССОУ Коле Неделковски Велес. Одговорниот наставник по практична настава г-дин Sebastijan Fenouillere го поздрави директорот на нашето училиште г-дин Томислав Иванов.

  • Прием на гостите од Франција во Општина Велес

    Денеска гостите од збратимениот град Шербур, Р. Франција беа примени во Општина Велес од страна на Градоначалникот г-дин Славчо Чадиев.

Меѓународен математички натпревар „Кенгур 2013“

matematicki-natprevar-kengur-2013 1

На ден 21.03.2013 год. во нашето училиште се одржа Меѓународниот математички натпревар „Кенгур 2013“ на кој земаа учество ученици од ССОУ „ Коле Неделковски “ од прва, втора и трета година. Од прва година се натпреваруваа учениците: Бојана Петровска и Бобан Богоевски со ментор проф. Биљана Ивева, од втора година учениците: Лидија Ѓошевска, Антонио Ѓорѓиев, Бобан Ѓорѓиевски, Костадин Коцев, Ристе Костадинов, Кристијан Николов, Тодев Виктор и Даниел Панов со ментор проф. Мира Ташкова и од трета година: Стефанио Бениќ, Иван Михајлов, Никола Танев и Ненад Крстевски со ментор проф. Магдалена Иванова. Резултатите од овој натпревар ќе бидат соопштени покасно од Сојузот на математичари на Македонија, истовремено за сите учесници од Република Македонија од прво одделение до четврта година. Ви посакуваме многу успех!!!

 matematicki-natprevar-kengur-2013 2

matematicki-natprevar-kengur-2013 3

matematicki-natprevar-kengur-2013 4

matematicki-natprevar-kengur-2013 5

Вие сте на: Home Отворен ден Меѓународен математички натпревар „Кенгур 2013“