Продукција на мултимедијални интернет содржини
Обука на наставници и ученици во склоп на програмата за меѓуетничка интеграција на тема: „Продукција на мултимедијални интернет содржини“
Во рамките на УСАИД програмата за меѓуетничка интеграција во Образованието се одржа обука на наставници и ученици за продукција на мултимедијални интернет содржини во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“. Обуката се реализираше на 23-24 септември 2013 год. Обучувачи беа: Петрит Сарачини, Сефер Тахири и обучувачи за веб, практична продукција и монтажа: Јане Стефанов, Зоран Ричлиев и Фросина Цветковска. Гостин новинар беше Драган Антоновски. Се работеше на новинарски проекти, концепирани од присутните четири средни училишта од градот, а под менторство на обучувачите. Одличната соработка се потврди на крајот во анонимната анкета за задоволството и постигнатиот успех од оваа работилница. На секое стручно училиште па и на нашето им посакуваме успех во понатамошните новинарски проекти во склоп на Новинарската секција. Од ССОУ „Коле Неделковски“ присутни беа наставниците одговорни за Новинарската секција: Никола Димовски по Француски јазик, Мариче Стојанова по Македонски јазик и литература и учениците од четврта година: Ненад Крстевски од 4-5 и Јован Лазарков од 4-1.