KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Училишна библиотека

kole-biblioteka

Училишната библиотека е составен дел на целокупната воспитно-образовна дејност во едно средно училиште. Преку неа се остварува контакт меѓу наставата, наставниците и учениците.
Библиотеката во нашето средно стручно општинско училиште ,,Коле Неделковски“ Велес има 10 690 книги. Од нив околу 6000 наслови на книги се на македонски јазик, а останатите се на српски, хрватски, англиски и на француски јазик.
Сите тие се библиотечно обработени, средени и наменети за задоволување на потребите како за учениците, така и за наставниците, вработени во нашето училиште. Библиотеката секоја година изработува распоред за нејзино работење со кој настојува да се приближи до учениците, односно да стане подостапна до читателската публика. Работата на библиотеката се состои од издавање и примање на книги, евиденција на прочитаното, водење на библиотечна книга, список на членови и друго.

Најголем дел од книгите се за потребите на наставата по македонски јазик и литература, за нејзино продлабочување и вистинско оживување на сите предложени дела во програмата за наставата по овој предмет.
Освен тоа има и книги од областа на разни други наставни предмети: историја, географија, филозофија, ликовна уметност, музичка уметност, спорт и спортски активности, биологија, физика. Тука на рафтовите како продлабочени мисли-спијат, но и сонуваат лексикони, речници, стручна педагошка и психолошка литература за наставниците. Не е мал бројот и на стручна литература од машинската и електро -струката, но најмногу од српско-хрватско јазично подрачје.Тука може да се најде и математичкото списание ,,Сигма“, но и книги за Информатика. Фонд од книги кои напросто мамат со својата длабочина, блиска до Океан, а сепак примамлива како опоен мирис. Корици-нови и стари, измешале раси, а сепак сите заедно почиваат во еден прекрасно-разновиден библиотечен фонд.Тоа е нашата библиотека!
Ако се разлистаат книгите почнувајќи од најстарите изданија па се до денешните , најнови и ако се разгледаат печатите на тие книги, може да се забележи целиот историски развој на нашето ССОУ ,,Коле Неделковски“. Тука ќе се пронајде душата и жигот на времето кое: како минувало - така се запишувало со мастило, кое потајно и скржаво избледува како да сака да сокрие тајна. Потребата од училишна библиотека, од создавање интерес и навика за читање кај учениците била присутна уште кај првите наши генерации. Се среќаваат книги во кои на последната страница учениците го запишувале своето име, годината и податокот дека тие самите ја подаруваат книгата на училиштето. Потоа се нижат и настани во кое препознаваме подарок на книги од други училишта или културни дејци од минати времиња, но веројатно така се оформила училишната библиотека, во почетокот со скромен фонд од книги. Ги поминале тие книги сите премрежја за овој голем период и денес, денешните генерации на запишани ученици можат во секој момент да ги позајмат на користење. И денес, како и пред години стремежот за развој на училишната библиотека е ист: да се пробуди кај учениците интерес за читање, да се развива културата на читањето, да се гради естетски однос кон книгата.
Оваа година учебна 2013/2014 година за работа во библиотеката на ССОУ ,,Коле Неделковски “ се задолжени наставниците Родна Игнатовска и Мариче Стојанова.


Мисла за месец септември: ,,Имајте книга секогаш до Вас - ако немате кому, нејзе подарете и дел од својата душа, за таа да Ви очисти срце и со очи да Ве слуша!“

1012525 10151881709279662 677412331 n

1231676 10151881709214662 297546300 n

1237651 10151881708359662 1883804312 n

1238792 10151881709249662 1275601703 n

Вие сте на: Home Училишна библиотека Училишна библиотека