KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

  • Првиот наставен час за учениците од прва година и запознавање со новите класни раководители

  • Првиот училишен ден во ССОУ „Коле Неделковски“

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

Книгата е бесмртна

Книгата е бесмртна, таа живее и ќе живее во бесмртните светилишта – библиотеките. Доказ за ова е, секако, развојот и модернизирањето на денешните библиотеки, вклопени во духот на современиот тренд, исправени пред предизвикот што не може да биде посилен од човековата желба да се држи в рака книга и да се пие од нејзините страници. Нејзиниот мирис нè мами да навлеземе во нејзините страници, нејзините редови го крепат нашиот зборовен фонд и нè прават горди.

biblioteka       biblioteka2

И денес, како и пред педесет години стремежот за развој на училишната библиотека е ист: да се пробуди кај учениците интерес за читање, да се развива културата на читањето, да се гради естетски однос кон книгата.

Во последните години, особено за потребата на средното стручно образование се набавува литература не само за потребите на редовната настава, туку и дополнителна литература која ќе ги научи учениците сами да пронаоѓаат нови извори за информирање и за збогатување на знаењата. Идните  активности на училишната библиотека се токму во тој правец.

Дали печатењето книги е излишно и дали компјутерската технологија и Интернетот го менуваат начинот на комуницирање и изразување? Напротив, 21 век докажува дека уште поинтензивно продолжува мистеријата и маѓијата на книгата и библиотеката.

            Библиотекарството во Македонија е старо колку што се стари и почетоците на словенската писменост. Од Кирил и Методиј, преку Климент и Наум до денешните современици, книгата и библиотекарството постојано биле надополнување на општеството. Без нив не може да се замисли постоењето на цивилизацијата, без нив не може да се замисли постоењето на еден народ.

     Библиотеки, книги, јазик – нераскинливо единство кое е длабоко вкоренето во мислите на секој којшто е жеден за знаења, гладен за иднината.

     Библиотеки, книги, јазик – вкоренето единство кое го надополнува нашето секојдневие.

            Училишната библиотека при ССОУ „Коле Неделковски“ Велес е библиотека од затворен тип. Нејзина основна цел е помагање на вкупниот воспитно-образовен процес и ширење на книжевната, научната и општата култура пред се на учениците и наставниот кадар. Училишната библиотека собира, стручно обработува и дава на користење библиотечен материјал потребен на учениците, наставниот кадар и  на останатите вработени во нашето училиште.

biblioteka3

            Училишната библиотека денес располага со околу 10800 книги од нив повеќето се наменети како лектирни изданија за позајмување на учениците од прва до четврта година за стручните паралелки. Освен лектирните изданија во склоп на училишната библиотека има учебници кои се доставуваат како во сите така и во нашето училиште со проектот „Бесплатни учебници“ дадени на располагање за сите ученици во стручните паралелки.Располагаме и со стручна литература која може да ја користат сите вработени наставници во нашето училиште, но и стручната служба.

            Книжниот фонд во училишната библиотека се средува според принципот на слободен пристап кон книгата. Затоа една од задачите на училишниот  библиотекар е да му помогне и да го поттикне ученикот не само да се служи со библиотеката туку и да ја развие неговата свест за значењето на книгите и навиките тие да се чуваат.

            Затоа пак ќе речеме со јазикот на нашата македонска писменост - Книгата е бесмртна, нејзиниот мирис нè мами да навлеземе во нејзините страници, зошто нејзините редови го крепат нашиот зборовен фонд и нашето опстојување низ вековите..

тие ќе поминат - ТАА ЌЕ ОСТАНЕ“.

Вие сте на: Home Училишна библиотека Книгата е бесмртна