KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

  • Првиот наставен час за учениците од прва година и запознавање со новите класни раководители

  • Првиот училишен ден во ССОУ „Коле Неделковски“

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

Нови наслови на книги во библиотеката на ССОУ ,,Коле Неделковски“

1385232 10151919411004662_283168103_n

Кога целата природа се смирува, деновите се дождливи, сонцето се крие зад облаците и сè што сакате е топло ќебенце, чај и добра книга, тогаш Ви треба приказна што ќе Ве опушти и ќе Ви дозволи да влезете во еден друг свет, да патувате и доживувате туѓи судбини.. да научите нешто од нив или да си создадете пријатно чувство на топлина и позитивност кои ќе Ве направат побогати за уште некоја мудрост или поинакво искуство.
Есента и зимата, можеби не се случајни патници во нашите животи. Можеби се само еден знак на стоп, кога работата треба да забавува, а сепак оствареното да се остварува, но и тогаш светлото се пали за да се прочитаат редови од книгата-единствениот пријател во темнината на ноќта или часови на одмор-во денот .
За среќа и радост на нашите просветни работници , во нашето катче на училишната библиотека на ССОУ ,,Коле Неделковски“ на 20-ти септември пристигнаа, четири кутии со книги – подарок од МОН. Тоа утро, на мојата работна маса во библиотеката, видов листа со 201 наслов на автори Нобеловци низ годините.. од 1900 па се до нашиот 21 век каде се провлекуваа имиња на знајни и незнајни автори. Мек и тврд повез во разни бои дишеа со нов наплив во училишната библиотека.
Вниманието ми го привлекоа различните наслови на сите добиени книги, кои подоцна, овој месец-Октомври, лето господово 2013 година, заедно со колегата Сашo Ѓоргов ги подредивме и ги фотографиравме за нашите драги колеги да си одберат ,,Добра книга“ за да го разубават својот викенд и покрај многуте обврски и работни задачи за овој период.
Па..Драги колеги!
Повелете во училишната библиотека и одберете еден познат ,,Нобеловец“! Тој ќе заживее со своите зборови во Вашите срца, а знам дека тие прочитани зборови еден ден, полека, но сигурно – ќе се одлеат во правецот на ученичкото образование и воспитание, но и себе издигнување на ниво кое секогаш како интелектуалци се стремиме да го достигнеме колку можеме повисоко..зошто сите ние знаеме:
,,Книгата е мост преку кој авторите ги праќаат своите делчиња од душата кон светот – кој колку и да критикува, по нешто запишува и задржува!“

 1374914 10151919410749662_1491333370_n

1376605 10151919411079662_168741688_n

1382363 10151919410799662_170482550_n

1393846 10151919410689662_1307667253_n

Вие сте на: Home Училишна библиотека Нови наслови на книги во библиотеката на ССОУ ,,Коле Неделковски“