KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

,,Списание ЕМИТЕР, македонско списание за популаризација и примена на науката и техниката во ССОУ ,,Коле Неделковски“ – Велес “

1797948 10152297162774662_704574029_n

Библиотека е колекција на книги и местото каде се чуваат тие.
Може да биде јавна, на институција или приватна.
Зборот Библиотека се користи за означување на збир од корисни податоци, а издавачките куќи го користат овој збор за да означат серијал од книги со иста или слична тема.
Како локација, библиотека е место каде се бара тишина и каде може да се учи.
Библиотеката ќе речат, постојано чека гости - оние што тргнале кон неа-да побараат некоја книга , но и оние што се уште не знаат дека се очекувани.
Тие треба да бидат подготвени да уживаат во боите на страниците и убавината на книгата.
За таа цел во нашата Библиотека при ССОУ,,Коле Неделковски“ Велес , на ден 18ти Март , лето господово 2014 година, пристигна списанието ЕМИТЕР , единственото македонско списание за популаризација и примена на науката и техниката. Подетални информации има на www.emiter.com.mk . Нашето катче во Билиотеката ѓи доби броевите 5/13-мај 2013 и 6/13-јуни 2013, секако – секогаш актуелни и достапни за стручните предмети : Електроника, Металство и машинство, Информатика и други интересни содржини од областа на Хемијата, Физиката, Астрономијата, Аеронаутика, Телекомуникациите, Автомобилската техника, Аудио и видео техниката , дополнето со мали огласи, купони и слични интересни содржини.
Се покануваат учениците и професорите кои ќе се пронајдат во овие содржини да ја посетат Библиотеката во нашето училиште ССОУ,,Коле Неделковски и да си обезбедат солиден приспап кон информации од култно значење.
Мисла за месец МАРТ
,,Библиотеката е место на минатото, сегашноста и иднината во кои времето е занемарлива категорија , но дополнета со искуство кое значи живот- на секое поле!“.

 

Вие сте на: Home Училишна библиотека ,,Списание ЕМИТЕР, македонско списание за популаризација и примена на науката и техниката во ССОУ ,,Коле Неделковски“ – Велес “