KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

  • Првиот наставен час за учениците од прва година и запознавање со новите класни раководители

  • Првиот училишен ден во ССОУ „Коле Неделковски“

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

Нови книги

10484294 10152730743844662_8196181249821744920_o

Библиотеката при средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ на сите ученици и сите вработени им посакува успешна учебна година исполнета со многу нови прочитани книги. Затоа и овој септември, започнуваме веднаш со дружењето на книгата и тоа го продолжуваме со нови наслови и нови содржини во Библиотеката. Таа веќе има 11.000 наслови и се збогатува, зошто опстојува низ годините и знае да се доближи до секој од нас! Луѓето кои сакаат да читаат може да читаат било каде и во било кое време, но затоа и постоиме да направиме една несекојдневна занимална, во која покрај зададените лектири секој од нас да одвои место за еден Нобеловец. Постои нешто магично за оние кои сакаат да поминат време, задлабочени во зборовите на книгата, а токму таа, книгата, како мала амјлија е создадена за читање. И не само за тоа.. преку читањето осознаваме вистини за себе си и за сите околу нас!! Затоа, драги ученици и останати вработени, повелете по патот подготвен од вистината.. тој килим од радосен сон Ве чека да ве прегрне! Веќе се подготвува Паркот на прозата во нашата библиотека каде што новите книги од познати Нобеловци датираат од 1907 па, се до 2007 година. Тие пристигнаа на 10 септември и веќе се на полиците во Библиотеката. Ве очекуваат! Со отворање на овој парк, читателите, посетители на нашата училишна библиотека ќе добијат едно квалитетно и свое четиво, низ кое ќе можат барем за миг да застанат и да ја облагородат својата жедна читателска душа! Ве очекуваме да ги освоите новите содржини – најчитани и најпродавани во светот! „Ако денот ти е тажен, ако дождот надвор те прави неважен, ако бараш сонце и топла рака, знај дека.. книгата, знае и може вечно да сака!“

 10704431 10152730743859662_7720991645404542166_o

Вие сте на: Home Училишна библиотека Нови книги