KoleNedelkovski.edu.mk

Забава по повод празникот Василица

12862 10153039007949662_7608357577126888701_n

 

Според програмата за престој на гостите ученици и наставници од г.Шербур Р.Франција, во делот на културни традиции, вчера по повод празникот Василица, беше организирано честување и Македонско - Француско дружење. Традиционалното лепче со паричка, донесе многу радост за професорката Jenifer Giot која со среќна добивка го прослави својот роденден. Во рамките на програмата беа исполнети француски шансони, македонски ора и песни, а сите заедно успешно ги совладуваа чекорите на Рамно Велешко оро. Сите франкофони, професори по француски јазик во Општина Велес, од основните и средните училишта во градот, учествуваа во подготовката на традиционални специјалитети и ги претставија нашите обичаи и форми на забава и дружење. Им благодариме за поддршката и одличната забава!

Вие сте на: Home Capacities development initiative Забава по повод празникот Василица