KoleNedelkovski.edu.mk

Културен разглед на градот Софија

24068462 10156018666264662_1591884302179290370_o

Денес (29.11.2017 г. Среда), во програмските содржини, беше Културниот разглед на градот Софија, реализиран од Интернационалниот центар за развој на Образованието и обуката од Софија. Беше организирана целодневна обиколка на градот. Посетени беа: Стадионот „Александар Левски“, Борисовата градина,Рускиот паметник, Храмот А. Невски, Руската Црква Св.Николај, Џамијата, делото на неимарот Мимар Синан, Софиската бања и изворот на минерална вода, Ротондниот храм Св. Ѓорги од IV век, остатоците на тврдината и стариот град Сердика (големо Тракиско и Византиско средиште), Народната библиотека „Св.Кирил и Методиј“, Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Затворениот пазар (Халите), Синагогата, Црквата Св. Недела и Витошката улица. Водството беше беспрекорно организирано и реализирано, за што им благодариме на организаторите. Целата група на наставници е под силни впечатоци, од богатството на културата и духовната интегрираност и слоевитост на овој град.

 24068472 10156018666829662_2555336502576390885_o

24255065 10156018664879662_6380133313372327146_o

24255118 10156018665454662_1495429270605213681_o

24297305 10156018666614662_567590333507407943_o

Вие сте на: Home Capacities development initiative Културен разглед на градот Софија