KoleNedelkovski.edu.mk

Oд денешната работа во сервисот „Коба“

1. Лепење и балансирање на гума

2. Проблем со акумулатор, замена со нов и мерење напон.

 

Доделување на сертификати

Денес свечено беа доделени сертификатите за учениците и нивните ментори за професионална едукација и обука преку проектот ЕРАЗМУС+. Тие успешно ја завршија својата практична обука во хотел "Campanile" Барселона и се здобија со уште едно искуство во практичната настава од угостителската струка.

Разглед на градот Sidges

Слободниот викенд учениците од ССОУ " Коле Неделковски" Велес го поминаа во разглед на градот Sidges. Еден од приморските градови во регионот Каталонија во Шпанија , познат по убавите медитерански плажи и приморско шеталиште . Стариот град , убавите улици , полни со продавници,ресторани како и музејот на Марсел на каталонската и шпанската уметност беа дел од разгледот на учениците и своите ментори.

Посета на Camp Nou

чениците од ССОУ "Коле Неделковски" го посетија стадионот Camp Nou, лоциран во западниот дел од градот, кој претставува дом на ФК Барселона уште од неговата изградба во 1957. На него се одиграле повеќе меѓународни мечеви на сениорско ниво и финалиња на Лигата на шампионите, од кои последното беше во 1999. Има капацитет од 99.354 седишта, правејќи го најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот.

Велешки пити

Учениците од ССОУ "Коле Неделковски" Велес денес за главното јадење во хотел "Campanile" подготвија наши национални јадења . Преубавите македонски специјалитети (велешка пита, пинџур, свинско со праз,шопска салата и бисквит торта) беа вкусени од гостите во Барселона и менаџерскиот тим на хотелот.


Вие сте на: Home Capacities development initiative