KoleNedelkovski.edu.mk

Државни натпревари на електромашински и сообраќајни училишни центри

emcui-naslovna

 

На 06 и 07 мај 2011 година во Куманово, беа одржани XXX Државни натпревари на учениците од средните стручни училишта од машинската, електротехничката и
сообраќајната струка. Домаќин на натпреварите беше училиштето за средно стручно образование „Наце Буѓони“ од Куманово.

На овие Републички натпревари, нашите ученици под водство на нивните наставници – ментори покажаа одлични резултати.

Ве информираме дека се освоени следните награди и признанија:
1. Антонио Јанковски, I-место, образовен профил металостругар
Ментор: Слободан Јовевски
2. Марјанче Арсовски, II-место, образовен профил бравар
Ментор: Мице Стеваноски
3. Никола Иванов, II–место, образовен профил машинoбравар
Ментор: Мице Стеваноски
4. Филип Крстевски III-место, образовен профил автомеханичар
Ментори: Ристо Желков и Илија Танев
5. Јованче Силев, III место, образовен профил Електротехничар за компјутерска техника и автомaтика
Ментор: Томислав Иванов

Пофалници добија:
6. Никола Нешов, образовен профил: машински техничар
7. Антонио Арсовски, образовен профил: машинско енергетски техничар
8. Оливер Кочкаров, образовен профил: електротехничар за електроника и телекомуникации
9. Марио Стојанов, образовен профил: техничар за транспорт и шпедиција
На 07.05.2011 година нашите ученици се натпреваруваа и на регионалниот натпревар за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Под водство на професорот Марјан Панов. Беа постигнати следните резултати:
1. Никола Иванов, освоено прво место
2. Никола Митковски, освоено второ место
3. Александар Анастасов, освоено петто место.
Екипно нашето училиште го освои првото место и се стекна со право да учествува на Државниот натпревар.
Им честитаме на сите ученици и ментори кои достојно го претставуваа нашето училиште и им посакуваме уште многу вакви успеси.

Фотогалерија: Државни натпревари на електромашински и сообраќајни училишни центри

Вие сте на: Home Државен натпревар на електромашински и сообраќајни училишни центри Државни натпревари на електромашински и сообраќајни училишни центри